СЛОВЕНЦИТЕ НА ГОТОВС: Moжно е пак да прогласат епидемија
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 28 Септември, 2020
Словенија не ја исклучува можноста од ново прогласување епидемија.
Минатата седмица во Словенија, која има два милиони жители, заразата со коронавирусот е потврдена кај 920 лица, што е за 199 заболени повеќе од седмицата претходно, според податоците од министерството за здравство.
Во последните 24 има 39 случаи на заразени со коронавирусот, но владата предупредува на сериозноста на епидемиолошката ситуација и се подготвува и за можно влошување.
Ова го потврди денеска министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, изјавувајќи за новинарите дека и последните податоци покажуваат дека ситуацијата и натаму е драматична.
Заразата со коронавирусот најмногу се шири во домовите за стари лица, во болниците, во училиштата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.