19 Декември, 2025
0.1204

СЛОВЕНЕЧКИ ТУРИСТИ ПО ЦЕЛО ТЕЛО СЕ ИСКАСАНИ ОД ИНСЕКТИ: Лекарка се сомнева дека е песочна мушичка која пренесува лишманиоза

Објавено во: Балкан 13 Август, 2024 10:38

Добивај вести на Viber

Група словенечки туристи забележале необични дамки на нивните тела додека престојувале во кампот Муртер на малиот остров во Јадранското Море меѓу Задар и Шибеник. Иако некои веднаш помислиле дека се работи за бубачки, матичната лекарка на една од жените кои ги испратиле фотографиите на словенечки 24ur.com се сомнева дека виновникот може да биде песочна мушичка која пренесува лишманиоза.

Загрижените словенечки туристи од Муртер ги споделија своите искуства во група на Фејсбук, каде објавија бројнио фотографии. Според нив, дамките кои се појавиле не само што се шират и отекуваат, туку и страшно печат и неверојатно чешаат.

Еден од членовите на групата рекол дека уште од првиот ден нешто го мачи во изнајмената приколка. Отпрвин мислеле дека се работи за бубачки, па постелнината ја испрале темелно, ја третирале со пареа и користеле разни средства за заштита од инсекти. Но, ништо од тоа не помогнало, бидејќи каснувањата не стивнувале, напротив, како што пишуваат, ги имало се повеќе, па дамките почнале да се шират.

Семејството морале да побара помош во блиската болница каде им препишале антибиотици и антихистаминици и купиле крема која требало да помогне.

„Во четвртокот и пишав на докторката, таа беше единствената што рече дека можеби е „песочна мушичка““, напиша таа, но објасни дека дијагнозата не е потврдена, дека засега се само шпекулации.

„Го завршивме одморот и се вративме дома“

Слични дамки добиле и уште неколку туристи во околината. Дури ни репелентите не помогнаа. Бидејќи ситуацијата била неподнослива, и тие предвреме го завршиле одморот.

„Поминав дел од ноќта во итната медицинска помош, примајќи интравенски лекови. Дамките болат, чешаат, горат. Ментално и физички сум исцрпена", напишала една Словенка и објаснила како дошла до заклучок дека единственото решение е да се враќаат дома, иако им било тешко бидејќи се на долгоочекуваниот и платен одмор.

Жената раскажала и како само еднаш почувствувала печење и забележала мала проѕирна „мушичка“ која и излетала од ногата.

Во коментар се огласија уште неколку туристи кои имаат слични искуства. „Утре одам повторно на лекар, закажуваме тест за лишманиоза“, вели еден соговорник на словенечкиот портал.


Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен