Словенија ќе гради втор блок на нуклеарната централа Кршко?
Објавено во: Балкан 19 Јануари, 2014 11:15
Втор блок на нуклеарната централа Кршко планира да гради Словенија, а предлогот за тоа е составен дел од коалицискиот договор на Владата на премиерката Аленка Братушек.
Предвидено е за изградбата на новиот блок да биде одржан референдум и тоа пред завршувањето на редовниот мандат на актуелната Влада, односно до 2015 година.
Советодавниот референдум за можноста за изградба на вториот блок би чинел меѓу 3,5 и четири милијарди евра. Изградбата на вториот блок е предвидена со се уште важечкиот план за развој на Словенија до 2023 година, но дискутабилно е финансирањето на тој проект, а против него се и невладините организации.
Доколку изградбата се спроведе, сопственик на новиот блок би била „Ген-енергија“, фирмата која управува со словенечкиот дел на нуклеарката Кршко.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




