Словенија ќе и помага на Македонија во јакнење на Платежната агенција и советодавните служби за земјоделците
Објавено во: Агробизнис 25 Август, 2017 16:34
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, Дејан Жидан, во Брдо кај Крањ, Словенија. На средбата е договорена помош од Република Словенија во евроинтеграцискиот процес на Република Македонија. Министерот Жидан, истакна дека Република Словенија стои на располагање за помош во делот на подобрување на функционирањето на македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како институција која е важна за распределбата на националните и европските пари. Исто така Министерот Жидан посочи дека Република Словенија ќе помогне во јакнењето на советодавните служби за земјоделците во Република Македонија, како на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и руралниот развој, но и на приватните советодавни служби. Во таа насока, тимови од Република Македонија и од Република Словенија, со следниот период ќе работат на реализација на овие два клучни приоритети за развојот на македонското земјоделство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





