Словенија најмирна во регионот, Косово и Македонија на дното!
Објавено во: Балкан, Економија 22 Јуни, 2015 20:43
Институтот за екомија и мир и оваа година го објави Глобалниот индекс на мир за 2015 година, односно листа на „најмирни земји“ на која се Ирска и Данска и понатаму на врвот, а од земјите од регионот најмногу котира Словенија на 15 место.
Листата е составена на база на глобалните индекси на мир, слобода, трговија, култура, економија, политика и други фактори, како односи со соседните земји и вклученост во меѓудржавни конфликти.
Како и минатата година, Ирска е прогласена за најмирна и најпогодна за живот од тој аспект, а Данска остана втора, и покрај фактот дека во средината на февруари во Копенхаген се случија два терористички напади.
Од 20 најмирни 15 во Европа
Листата содржи вкупно 162 држави, од кои во 81 е забележано зголемување на мирот, а во 78 од нив е забележан тренд на дестабилизација и слабеење на мирот.
Интересно е дека меѓу 20 најмирни земји дури 15 се од Европа.
Десет најмирни во светот, земји се Ирска, Данска, Австрија, Нов Зеланд, Швајцарија, Финска, Канада, Јапонија , Австралија и Чешка.
Од земјите во регионот најдобро котира Словенија на 15 место, Хрватска 27, а следи Србија на 46 место.
Албанија се наоѓа на 52 место на листата, следи БиХ на 53, Црна Гора е на 57 додека Косово и Македонија се наоѓаат на 69 и 71 место.
Напредок на Македонија, Србија , БиХ и Албанија
Во споредба со извештајот од лани, најголем напредок остварила Македонија, која забележала раст за 16 места и од 87 дошла на 71 место.
Србија направила поместување за шест позиции, додека Албанија направила напредок за 13 места.
И Босна и Херцеговина напредувала од 61 на 53 место.
Од друга страна, Словенија и Хрватска назадувале за по едно место, Црна Гора за две позиции, додека Косово забележало пад за пет места.
На дното на листата се наоѓа Сирија , а пред неа се Ирак и Авганистан.
Либија и Украина, се оценети како земји со највисок пад на индексот на мир во изминатава година.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




