Словенија понуди техничка и експертска помош за јакнење на капацитетите на Платежната агенција
Објавено во: Агробизнис 10 Октомври, 2017 16:23
Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска оствари средба со директорот на Агенцијата за земјоделска трговија и рурален развој на Република Словенија, Бенедикт Јеранко. На средбата присутвуваа и амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец и директорот на македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николчо Бабовски.

Директорот на словенечката агенција Јеранко, изрази подготвеност за техничка и експертска помош како и пренос на искуствува во областа на директните плаќања за земјоделство, јакнење на капацитетитена Платежната агенција и процесот на акредитација на мерките од ИПАРД Програмата.

Македонската Платежна агенција е подготвена за соработка со словенечката агенција и за искористување на искуствата како во делот на директните плаќања, така и во процесот на поголема искористеност на парите од европските фондови.
Соработката со Словенија е од исклучителна важност за развојот на македонското земјоделство, бидејќи Словенија важи за еден од поефикасните корисници на финансиските средства од европските фондови за рурален развој. Искуствата од Словенија како и понудената експертска помош, се важни за поголема апсорпција на парите од ИПАРД Програмата.
Дополнително, со Владата на Република Словенија е веќе договорена соработка во делот на јакнење на капацитетите и функционирањето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и помош во јакнење на советодавните служби како што е Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Во следниот период е предвидено е да дојдат експерти од Словенија, кои ќе понудат техничка поддршка, со цел да се усоврши нивото на советодавната служба во областа на земјоделството во Македонија, што е важно за правилна едукација на земјоделците и за целокупниот развој на земјоделството.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





