Словенија заработи тужба од Европската комисија
Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2014 18:58
Европската комисија ја тужи Словенија пред Европскиот суд на правдата во Луксембург. Причината е во тоа што не ги испочитувала роковите за затворање и санирање на два депонии за тешки метали, кои претставуваат закана за локалните жители.
Во двете депонии, во близина на градот Целје, има околу 20.000 метри кубни земја контаминирана од тешки метали. Станува збор за отпад исфрлен од старата фабрика „Цинкарна“ од Целје.
Во земјиштето се утврдени високи концентрации на титаниумов диоксид и талиум, кои можат да имаат штетни последици врз здравјето на жителите на овој град, кој е трет по големина во Словенија, предупредува Европската комисија.
Брисел бараше од Љубљана да го реши овој проблем уште во 2012 година, а лани словенечките власти објавија дека изработиле план за отстранување на токсичниот отпад од двете депонии. Иако согласно планот отстранувањето на отпадот требаше да заврши минатата недела, тоа се уште не е ниту започнато.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




