Случај „Трезор”: Мијалков утре на суд, без бегалецот Горан Грујевски
Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2018 18:35
Случајот „Трезор” утре го седнува на обвинителна клупа екс шефот на УБК Сашо Мијалков, но без неговиот помошник кој моментално е во притвор во соседна Грција Горан Грујевски.
Покрај нив во овој случај СЈО ги сомничи и ексшефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.
Според обвинението на СЈО тројца функционери во УБК и еден од МВР преку низа договори и анекси за набавка на опрема за шпионирање и нејзино одржување го оштетиле државниот буџет за 860 000 евра.
Злоупотребата почнала од 2010 година кога првите тројца осомничени заминале во Велика Британија каде што договориле набавка на опремата. Но, наместо директно да биде склучен договор со британската фирма, се јавува фирма посредник- Финзи ДООЕЛ Скопје, преку која увозот бил фактуриран за неколкукратно повисока сума. Потоа дале задача на сведок на СЈО кој исто така бил вработен во МВР да спроведе постапка за набавка, но без да го примени законот за јавни набавки.
„Според доказите произлезе основано сомнение дека откако правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје извршило увоз на опремата од правното лице од Велика Британија и од страна на тоа правно лице со увозот биле доставени и фактурите за опремата до Финзи, на вкупен износ од 89.322.845,00 денари или 1.452.403 евра, истата опрема ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје, ја префактурирала спрема МВР, на вкупен износ од 124.293.233,00 денари со ДДВ или 2.021.028 евра, и така ја препродала опремата на МВР на РМ.“ - кажа обвинителката Фатиме Фетаи при соопштување на случајот.
Потребата од нова опрема за следење на комуникациите продолжила и следната, 2011 година и нов анекс кој бил склучен со новиот управител и сега починат сведок на СЈО -Коста Крпач. Наредната 2012 бил склучен уште еден анекс на договорот, за набавка на подвижен видео надзор. Иако вредноста била околу 3 ипол милиони денари, МВР исплатило износ од 17 ипол милиони денари, или 215 000 евра повеќе. Злоупотребата на буџетски средства продолжила со нови барања, за одржување на опремата иако била нефункционална и застарена. Последниот договор за сервисирање е склучен со Коста Крпач во март.
„Инаку од доказите произлегува дека книговодствено оваа опрема во МВР е евидентирана со вредност од 1 денар, а договорот за одржување е на приближно 30.000 евра месечно. + Од доказите произлезе дека врз основа на овој договор МВР се обврзува на ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје да му исплаќа авансен месечен паушал, по претходно доставена месечна про-фактура во износ од по 1.947.500,00 денари без ДДВ, со вкупна вредност на договорот од 46.740.000,00 денари без ДДВ.“ - кажаа одСЈО.
Парите и вистината се како шило, кој ги злоупотребил ќе седне на обвинителна клупа и ќе ги врати, порача обвинителката Фетаи .
Во едно интервју екс шефот на Петтата управа кажа дека наводите на СЈО за овој случај се неточни и измислени.
„Ниту сум направил некаква штета на буџетот, ниту сум остварил каква било материјална корист. Сите политички инсинуации на СЈО ќе се докажат во соодветна постапка“, кажа Мијалков.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




