Слупчане бара највисока сметка за струја да биде 3.000 денари, а за џамиите да биде бесплатно
Објавено во: Економија 26 Јули, 2023
Жителите на Слупчане не им дозволи ниту денеска на екипите на ЕВН да ја рекоснтруираат мрежата во селото, иако дојдоа со потребната механизација, а подоцна дојде и полицијата.
Во документ на жителите на Слупчане, испратен преку Општина Липково, до ЕВН има барања од 14 точки.
- Имаат долг кон нас, може некој камен да легне, јас не сакам да се случи тоа. Бараме израмнување на нула и да не се бара враќање на долговите, рече Селајдин Шаини, претседателот на месната заедница.
Иако пред три недели ветија, не се испочитува дадениот збор на министерот за економија Крешник Бектеши и на градоначалникот на Општина Липково дека ЕВН ќе може слободно да работи на регулирањето на електродистрибутивната мрежа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.