Смарт училници - Македонски Телеком спроведува проект за модернизација на образованието
Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2017 11:37
Почнаа со работа две паметни училници во средните училишта „Д-р Панче Караѓозов“ и „Зеф Љуш Марку“
Македонски Телеком стартува нов проект – смарт училници, во кои едукативниот процес ќе се одвива врз основа на паметните технологии. Проектот е во партнерство со Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество и администрација.
Со новиот пилот проект започнаа со работа училниците во средните училишта „Д-р Панче Караѓозов“ и „Зеф Љуш Марку“. Со овој пилот проект, професорите и учениците во образовниот процес, ќе бидат сведоци на примената на новите технологии во едно ново интерактивно искуство на совладување на едукативниот материјал.
„Нашата компанија, како технолошки лидер во земјата е посветена новите технологии да ги доближи и да ги направи достапни за луѓето и општеството. Овој проект е добар пример во таа насока. Денешните ученици живеат дигитално и потребни им се соодветни алатки за стекнување на знаење и за комуникација со цел да се соочат со модерните предизвици. Смарт училниците се наменети да станат нивна природна средина за учење и стекнување на знаење“ - изјави Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.
Смарт училниците се базирани на напреден софтвер како „клауд“ решение за полесна интерактивна комуникација помеѓу учениците и професорите, но и за учење од далечина. Преку интерактивни табли и таблети, ќе се постигне поголема интеракција во училницата, полесно следење на развојот на учениците, лесно прилагодување на училишните планови и подобрување на ефикасноста на учебната администрација.
Овој пилот проект се надоврзува на статегијата на Македонски Телеком за воведување на „паметни” решенија во секојдневниот живот на граѓаните и дигитализација на општеството.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




