22 Ноември, 2024
0.0359

СМЕСТУВАЊЕ ЗА 17 ЕВРА ОД НОЌ! Србите планираат одмор, а ова е најевтината дестинација во 2023: Пет дена за 164 евра, еве каде

Објавено во: Финансии 23 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Летото се наближува, а голем број Срби веќе планираат патување до морето, додека продолжува потрагата по совршената оаза на мирот, солената вода и песокот, каде што ќе можат да се ослободат од секојдневните обврски и да уживаат во топлото сонце.

Без разлика дали се работи за одмор, скокање во автобус, воз или авион за истражување на нови култури или откривање места на светско наследство, патувањето е секогаш добро за душата.

Следното клучно прашање е - колку ќе ве чини? Каде треба да одите на буџетско патување и кои дестинации можат да ви го испразнат паричникот?

Подолу е листа на локации низ светот, вклучувајќи ги и најскапите и најевтините дестинации, земајќи ги предвид просечните цени на хотелите и храната, како и трошоците за превоз и цените за атракции.

Кога станува збор за најскапата дестинација, тоа е дефинитивно Монако, каде петдневен престој ќе ве чини приближно 2.050 евра.

Ако се прашувате која е најефтината дестинација, кога станува збор за петдневен престој, тоа дефинитивно би бил Делхи во Индија. Верувале или не, престојот може да ве чини дури 164 евра, а цената на просечна хотелска соба со три ѕвезди е приближно 17 евра за ноќ.

Решивте да одите во Делхи, но сакате малку полуксузна атмосфера? Во тој случај, цената на хотел со пет ѕвезди е приближно 169 евра за ноќ, а кога ќе ја споредиме со луксузните хотели во Монако, едно ноќевање таму може да ве чини дури 1.089 евра.

Кога станува збор за втората најевтина дестинација за патниците кои сакаат да патуваат за пет ноќи, тоа би било Пном Пен во Камбоџа. Пет ноќевања во просек ќе ве чинат 1.104 евра, но во оваа цена не се вклучени летовите. Таму можете да ја посетите Кралската палата, која е дом на сегашниот крал на Камбоџа.

Список на најевтините туристички дестинации:

Делхи, Индија – 165 евра за петдневно патување

Пном Пен, Камбоџа – 203 евра за петдневно патување

Катманду, Непал – 207 евра за петдневно патување

Тбилиси, Грузија – 226 евра за петдневно патување

Меделин, Колумбија – 231 евро за петдневно патување

Хо Ши Мин, Виетнам – 235 евра за петдневно патување

Чианг Маи, Тајланд – 260 евра за петдневно патување

Каиро, Египет – 262 евра за петдневно патување

Луанг Прабанг, Лаос – 264 евра за петдневно патување

Бангкок, Тајланд – 264 евра за петдневно патување

Кога станува збор за топ 10 најевтини дестинации, тоа би биле и Луанг Прабанг, Лаос и Бангкок во Тајланд, што исто така би ве чинело во просек околу 250 евра за петдневен престој.

На второ место по Монако, најскапата дестинација е Сент Бартс, за која треба да издвоите приближно 1.943 евра. Дестинацијата на Карибите е популарна по своите бели песочни плажи.

Третата најскапа дестинација е Гштад во Швајцарија, опкружен со швајцарските Алпи, за сите љубители на скијањето, полни со луксузни кабини.

Список на најскапите туристички дестинации:

Монако – 2.050 евра за петдневно патување

Сент Бартс – 1.976 евра за петдневно патување

Гштад, Швајцарија – 1.870 евра за петдневно патување

Рејкјавик, Исланд – 1.739 евра за петдневно патување

Бора Бора – 1.738 евра за петдневно патување

Хонолулу, Хаваи – 1.735 евра за петдневно патување

Сан Франциско, САД – 1.708 евра за петдневно патување

Њујорк, САД – 1.612 евра за петдневно патување

Гранд Кајман, Кајмански Острови – 1.480 евра за петдневно патување

Венеција, Италија – 1.402 евра за петдневно патување

Следна најскапа дестинација дефинитивно би била Бора Бора, каде што цената за пет ноќевања е во просек 1.738 евра, додека само едно ноќевање во бунгалов над вода со пет ѕвезди чини најмалку 900 евра.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌАМЕ ЗА ОДМОР ВО ГРЦИЈА ДОГОДИНА: За студио цената оди и до 100 евра од ноќ!

ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌАМЕ ЗА ОДМОР ВО ГРЦИЈА ДОГОДИНА: За студио цената оди и до 100 евра од ноќ!