05 Декември, 2025
0.2643

Сметките за данок на имот двојно повисоки

Објавено во: Мои пари 19 Април, 2013 09:21

Добивај вести на Viber

Решенијата за данок на имот кои почнаа да стасуваат годинава, се повисоки за околу 100 отсто од старите, кои граѓаните ги добивале во минатото, се жалат граѓани што ги виделе бројките во нив. Kога ги споредиле, констатирале дека за разлика од други години, кога била пресметана само станбената површина, сега во новите е вметната и дворната. Такви решенија непријатно ги изненадиле семејствата што живеат во куќи, а во изминативе години ги откупиле дворните места за едно евро од квадрат. Но, тоа се однесува и на оние што имале приватно земјиште, а само поднеле барање за трансформација, пишува Дневник. Надлежните од Градот за Дневник изјавиле дека решенијата за сопствениците се изготвени согласно со Законот за даноците, а сите што поседуваат недвижен имот мора да платат онолку колку поседуваат и колку пријавиле. Не е никаква грешка, децидни се. Во однос на зголемување на даночните пресметки во последниве неколку години, посочија дека тоа е затоа што има зголемено пријавување земјиште од граѓаните. Голем дел спровеле постапки за приватизација на земјиштата, што на Градот му дава поголем увид и поголема можност да прибере далеку повеќе средства по оваа основа. - Согласно со законските одредби и законската надлежност за пресметување и за наплата на данок на имот, соодветниот орган на Град Скопје од преземањето на надлежностите на сите даночни обврзници, кои имаат пријавено и земјиште во годишните решенија, им пресметува данок на имот и за земјиштето - изјавија оттаму. За подетаљно информирање на граѓаните, како што пишува Дневник, градските власти појасниле дека под недвижен имот, освен станови, се подразбира и сопственост на земјиште - градежно, земјоделско, изградено и неизградено и помошни простории до станбените објекти, како и деловни објекти.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј