26 Декември, 2024
0.2083

СН Групацијата сподели професионални искуства на Конференцијата “Техниката и Урбаниот Развој“

Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

-Коференцијата претставува платформа каде што студентите од сите насоки електротехника, сообраќај, мехатроника и машинство не само што можат да ги покажат своите идеи, туку и да се запознаат со реална примена на знаењата и да воспостават врски со идните можности во реалниот сектор.

Конференцијата ТУР - Техниката и Урбаниот Развој, која се одржува традиционално по петти пат како студентска конференција во чест на Светскиот ден на науката, уште еднаш ја потврди својата клучна врска во поврзувањето на академската средина со реалниот бизнис сектор. Конференцијатазапочна од ентузијастичка идеја пред пет години на  група студенти од Техничкиот факултет во Битола, а денес претставува платформа каде што студентите од сите насоки електротехника, сообраќај, мехатроника и машинство не само што можат да ги покажат своите идеи, туку и да се запознаат со реална примена на знаењата и да воспостават врски со идните можности во реалниот сектор.

Во тој контекст беа излагањата на претставници од Sigre - Мако Сигре и СН Групација со акцент на професионалните искуства на СН Сообраќаен Центар, кои преку сесијата одблиску ги запознаа студентите со техничките и деловните предизвици, како и на кој начин може да се поврзат научените достигнувања со праксата.

„Горда сум што го гледам растот и успехот на ТУР. Како еден од основачите на оваа конференција, која започна со презентирање на неколку различни трудови за да се создаде настан кој ќе го спои академскиот и деловниот свет, кое ќе биде вистинско место да ги покажеме нашите знаења и вештини. Како дел од бизнис секторот и како електроинженер во СН Сообраќаен Центар, со задоволство сведочам за важноста на оваа конференција.“- изјави Билјана Велјановска, како претставник на СН Групација и електро инженер во СН Сообраќаен центар во Битола.

Оваа конференција секоја година инспирира се повеќе млади, поттикнувајќи ги да ги развијат своите вештини и да придонесат за општествен напредок. ТУР е настан кој расте повеќе и добива на значење. Тој е вистински пример за важноста на соработката помеѓу образованието и индустријата, создавајќи можности за новите генерации инженери за да го применат теоретското знаење во пракса.

„Денес во својата работа, ја користам основата од знаењето кое го стекнав во предавалните на Техничкиот факултет. Во СН Сообраќајниот Центар не само што се вршиме технички преглед на возила, туку и издавање на Согласност на регистрација на возила од странство по извршена хомологација. Во текот на излагањето имав можност да ги запознаам студентите со историјата на хомологацијата во Македонија, која започна уште во 1991 година и која денес е во чекор новите светски регулативи за автономни и електрични возила.“- посочи Велјановска.

Како дел од конференцијата се организираше и онлајн сесија со студентите од Факултетот за електротехника во Скопје и предавање на професори од средното стручно училиште „Таки Даскало“ во Битола.

На овогодинешниот настан, организиран на денот што симболизира почит кон науката, 11. Ноември - Светскиот ден на науката, учествуваастуденти од Техничкиот Факултет во Битола со импресивни откритија како што се апликација за мерење на загаденоста на воздухот и зачувување на енергијата добиена од обновливи ресурси.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Реализирана донацијата од 2 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

Реализирана донацијата од 2 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

МЕЃУ ЖЕНСКАТА ПОПУЛАЦИЈА ВО УО НА СКСМ ПОСТОИ ПОРАДИКАЛЕН ПРИСТАП ВО РЕШАВАЊЕТО НА РАБОТИТЕ

МЕЃУ ЖЕНСКАТА ПОПУЛАЦИЈА ВО УО НА СКСМ ПОСТОИ ПОРАДИКАЛЕН ПРИСТАП ВО РЕШАВАЊЕТО НА РАБОТИТЕ

Нова Година и нови почетоци со впечатливите Luisa Spagnoli и Max&Co.

Нова Година и нови почетоци со впечатливите Luisa Spagnoli и Max&Co.

Македонија2025 ја обликува иднината на Македонија - поддржани над 100 бизниси и 1.680 лидери и таленти

Македонија2025 ја обликува иднината на Македонија - поддржани над 100 бизниси и 1.680 лидери и таленти

Halk EZ Cashback за младите со динамичен стил на живот

Halk EZ Cashback за младите со динамичен стил на живот

СН Мото Центар: Највисоки стандарди на технички преглед на возила и поволности за клиентите

СН Мото Центар: Највисоки стандарди на технички преглед на возила и поволности за клиентите

Физичката активност не е само превентивна мерка, туку и моќен сојузник во подобрувањето на менталното здравје и општата благосостојба

Физичката активност не е само превентивна мерка, туку и моќен сојузник во подобрувањето на менталното здравје и општата благосостојба

Шест каратисти на „Макпетрол“ меѓу наградените млади спортисти од Град Скопје

Шест каратисти на „Макпетрол“ меѓу наградените млади спортисти од Град Скопје

Рамстор и Општина Центар се обединија за да го означат крајот на 2024 година со низа настани кои заедно ги создадоa

Рамстор и Општина Центар се обединија за да го означат крајот на 2024 година со низа настани кои заедно ги создадоa