СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР доби одобрение да издаде прва емисија на корпоративни обврзници од 80 милиони денари

Објавено во: Финансии 27 Јули, 2021 13:02
Комисијата за хартии од вредност донела Решение со кое на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола му е дадено одобрение да издаде прва емисија на корпоративни обврзници по пат на јавна понуда.
За ова Комисијата преку соопштение ја извести јавноста.
Како што објаснуваат од КХВ, станува збор за 8.000 долгорочни должнички хартии од вредност со вкупна продажна вредност од 80.000.000 денари, која е еднаква со номиналната вредност на емисијата.
Обврзниците ќе се понудат преку Македонската берза по моделот фиксна цена, со давање приоритет на налози со порано време на внес на налогот. Оттука, поединечната продажна цена на обврзниците е фиксна и изнесува 10.000 денари.
Каматната стапка на долгорочните должнички хартии од вредност за целиот период е фиксна и ќе изнесува 6 отсто на годишно ниво. Пресметката и исплатата ќе се врши еднаш годишно, сметано од денот на упис на обврзниците во Централниот депозитар за хартии од вредност.
Првата исплата на камата ќе започне по истекот на 12 месеци од денот на уписот, а ќе заврши по истекот на 5 години. Согласно Законот за хартии од вредност, менаџментот утврдил процентот на успешност на јавната понуда да изнесува над 60 отсто од вкупната емисија.
Емисијата на обврзници на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола се врши заради подобрување на финансискиот потенцијал на Друштвото и остварување на планираните цели и стратегии за негов раст и развој.
На седницата што се одржала на 23 јули, КХВ, како што соопштуваат, согласно Законот за инвестициски фондови, на ДУИФ Иново Статус АД Скопје и на извршните членови на Одборот на директори им изрекла јавна опомена, и истовремено со Решение ги задолжила да ги отстранат утврдените неправилности.
„Имено, друштвото во целост го нема усогласено работењето со важечката регулатива за спречување перење пари и финансирање тероризам. Дополнително, спротивно на Законот за инвестициски фондови, Иново Статус АД Скопје не ги има ажурирано документите на отворениот инвестициски фонд“, велат од КХВ.
Од Комисијата за хартии од вредност исто така информираат и дека поради спроведена постапка на присоединување на Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје кон Генерали Инвестментс АД Скопје, КХВ дала согласност на измените на Статутите согласно кои се променија називите на три отворени инвестициски фондови и тоа на: ИЛИРИКА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА (нов назив ГЕНЕРАЛИ ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА), ИЛИРИКА КЕШ ФОНД (нов назив ГЕНЕРАЛИ КЕШ ФОНД) и ИЛИРИКА ГЛОБАЛ-РАСТЕЧКИ ПАЗАРИ (нов назив ГЕНЕРАЛИ ГЛОБАЛ-РАСТЕЧКИ ПАЗАРИ).
Заради усогласување со новите измени на Законот за инвестициски фондови, КХВ донела три подзаконски акти и ги ставила на јавна расправа на веб страницата во времетраење од 30 дена со цел заинтересираните страни да ги дадат своите забелешки и сугестии. Станува збор за:
- Предлог Правилник за содржината, формата и начинот на доставување на информации за припојувањето и спојувањето до сопствениците на удели;
- Предлог Правилник за формата и содржината на барањето за добивање одобрение за организирање на отворен инвестициски фонд и
-Предлог Правилник за формата и содржината на Проспектот на отворен и затворен инвестициски фонд.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ВЕЌЕ ЗНАЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ИДЕН ГУВЕРНЕР, НО ИМЕТО СЀ УШТЕ НЕ СЕ ОТКРИВА - кој ќе раководи со монетарната власт во земјава

„ШАНСАТА ЗА РАСТ НА ИНФЛАЦИЈАТА Е МНОГУ ПОГОЛЕМА“: Џејми Дајмон предупредува „и сегашните нивоа на царини се екстремни“

Ангеловска-Бежоска: Според ЕБРД, Извештајот има прогрес, но и потреба од зајакнување на структурните реформи за повисок животен стандард

(ВИДЕО) КИНЕЗИТЕ ИЗГРАДИЈА ДЕСЕТКАТИНИЦА ЗА 28 ЧАСА: Користеле посебен систем

АЛБАНИЈА СТАНУВА НОВАТА ЅВЕЗДА НА МЕДИТЕРАНСКИОТ ПАЗАР НА ЛУКСУЗНИ НЕДВИЖНОСТИ: Цена на квадрат на ривиера оди и до 5 илјади евра!

ФАКТОР ДОЗНАВА: ДЕНЕСКА НЕМА ДА ИМА ПРЕДЛОГ ЗА НОВ ГУВЕРНЕР - претседателката Давкова вчера имала интервјуа со тројца кандидати, Законот дава можност да размисли уште неколку дена

КОЈ Е ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ ЦРНОГОРЦИ? Тежи повеќе од 100 милиони евра, а никогаш не би помислиле кој е тој

АКО САКАТЕ ДА ПЕЧАЛИТЕ ПАРИ НА БРОД, ОВА ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Каков е животот далеку од дома?

ПРВ ПОЛОШ РЕЈТИНГ ЗА САД ОД 1917 ГОДИНА - Агенцијата „Мудис“ ѝ го намали кредитниот рејтинг од „ААА“ на „Аа1“
