30 Септември, 2024
0.0260

Снег ќе има и во наредните денови, некаде до 20 сантиметри

Објавено во: Македонија 23 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Иако според календарот веќе сме во пролет, денеска врнеше снег низ поголемиот дел од територијата на Македонија. Дирекцијата за хидрометеоролошки работи соопшти дека најголем дел од снегот паднал на Маврово - 11 сантиметри. Привремени врнежи од снег се очекуваат и во наредните два дена.

Најмногу снег има во Пожаране каде снежната покривка е девет сантиметри, во Лазарополе осум, во Тетово пет, во Крива Паланка четири, во Куманово и Ѓуриште три и во Крушево и Берово два сантиметри.

Минималните температури во некои градови паднаа под нулата. Најстудено беше во Маврово каде се мереа - 6 степени, додека под нула температурата беше и во Лазарополе, Крушево, Крива Паланка, Скопје, Куманово, Тетово, Штип и Берово.

Облачно, студено и ветровито со претежно снежно време ќе биде во текот на целиот ден. Се очекуваат поголеми врнежи од дожд во источните делови. Ќе дува засилен северен ветер низ Вардар. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.

Во Скопје, делумно е облачно со умерен снег и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне само три степени.

Снегот во утринските часови го отежна и патниот сообраќај, кој во моментот се одвива епречено, но на влажни коловози. АМСМ информира дека има врнежи од дожд на Стража, Пресека, Маврово, Попова Шапка, Плетвар, и на граничниот премин Деве Баир. Видливоста на граничниот премин Деве Баир се намали од 20 на 50 метри.

Привремени врнежи од снег ќе има утре и среда. Највисоки врнежи од снег ќе има во источниот дел на државата каде се очекува снежната покривка да надмине 20 сантиметри. Во другите региони постои можност за снежна покривка, главно околу пет сантиметри, освен на планините каде се очекува поголема снежна покривка.

Облачното време ќе биде присутно до сабота, но врнежите поради затоплување ќе бидат главно од дожд.


Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО