18 Декември, 2025
0.0408

Снегот им отвори работа на земјоделците, деновиве „дежураат“ покрај пластениците

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2021 06:59

Добивај вести на Viber

Снежните врнежи им отворија работа на земјоделците, кои деновиве се принудени да „дежураат“ покрај пластениците.

За да не се уништат  и да нема штети, тие мораат да ги потпираат оранжериите и да го чистат снегот. Снегот буквално ги остави земјоделците без спиење. Ристо Велков, претседателот на Сојузот на синдикатот на земјоделците во Струмичкиот регион вели дека врз пластениците има снег со дебелина од 10 до 15 сантиметри.

„Луѓето мораат со потпирачи да ги потпираат пластениците, но и да го чистат снегот. Тоа е многу работа затоа што луѓето имаат од 20 па до 100 пластеници. Буквално цели семејства ноќе одеа и го чистеа снегот. Осетливи се доматите, краставицата, и на овие ниски температури тие бараат загревање, но и тоа е дополнителен трошок. Што се однесува до зелката, зависи за која сорта се работи, некои се потпорни на студено време. Досега не видов да има штети, но ако некој не си преземал мерки, тоа секако ќе удри по џебот на земјоделецот. Се случувало дури и на пролет да има измрзнување. Климатските промени си го направија своето, и кој нема контролирани услови на производство, многу е тешко“, вели Велков.

Тој објаснува дека од година во година состојбата во земјоделството е сѐ потешка.

„Пред 30 години беше добро да се живее од земјоделство, и секој трчаше дури и ако оди на работа, попладне да сработи нешто плус во земјоделство, но сега не е така. Во Струмичко многу е намалено производството, и ретко некој млад да се одлучи да се занимава со земјоделство“, рече Велков.

Снегот единствено нема да направи штети на житариците. Деновиве Македонија ја зафати студен бран. Во земјава се измерени 55 сантиметри снежна покривка, а најстудено било во Берово каде температурата се спушти и до -19 степени. Денеска Македонија е во жолта фаза поради минусните температури. 

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери