Снежана Лупевска-Созен сменета од прв човек на информативна редакција на Телма
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2020 17:09
Снежана Лупевска-Созен повеќе нема да ја извршува неформалната функција одговорен уредник на информативната програма на телевизијата Телма.
Според сознанијата на Фактор, на оваа позиција доаѓа Марија Дивитарова - Савановиќ, сегашна уредничка на вести во телевизијата.
Информацијата за Фактор ја потврди и главниот и одговорен уредник и директор на телевизија Телма, Атанас Кировски.
Тој вели дека Снежана Лупевска-Созен и досега не била одговорен уреднк на информативната програма, туку тој ја вршел и таа функција, а Созен според систематизацијата на телевизијата е вработена како продуцент. Лупевска и натаму ќе остане продуцент, вели Кировски, а нема да и биде сменета ниту платата. Таа ќе продолжи да работи и на емисиите „Код“ и „Топ тема“, а ќе биде и уредник на вести.
„Едноставно, Снежана Лупевска-Созен досега беше мојот линк со новинарите во информативната редакција, отсега натаму тој линк ќе биде Марија Дивитарова-Савановиќ. Инаку, јас и досега бев одговорен уредник на информативната програма, и така и останува, така што во тој дел нема никакви промени во телевизијата“, вели Кировски за Фактор.
Кировски нагласува дека причина за ова воопшто не се никакви политички притисоци или разлики околу уредувачката политика на телевизијата.
„Едноставно, станува збор за наши несогласувања околу тоа кој треба да ги пишува најавите за прилозите што се емитуваат на вестите. Јас сметав дека тоа е најдобро да го прават новинарите, бидејќи тие најдобро знаат што е суштината на нивната сторија, а таа сметаше дека тоа треба да го прават уредниците на вести. Околу тоа и изби недоразбирањето, кое потоа ескалираше и затоа беше донесена оваа одлука“, вели Кировски.
А Лупевска на својот фејсбук профил денеска го објави следниов пост.
„Успешен е оној човек кој умее да постави цврст темел од циглите кои другите ги фрлале на него. Дејвид Бринкли“.
Можеби ќе ве интересира
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро




