06 Декември, 2025
0.0344

Со 738 претпријатија и 6.524 вработени се затвори првата линија за бескаматни кредити од ,,Ковид 1"

Објавено во: Економија, Корона Вирус 12 Мај, 2020 21:25

Добивај вести на Viber

На денешната 51-ва седница на Владата, усвоена е информацијата на Развојната банка на Северна Македонија за четвртата група обработени кредитни апликации со што се исцрпени предвидените фондови за првата бескаматна кредитна линија ,,Ковид 1".

Со оваа четврта група, на вкупно 738 претпријатија кои вработуваат 6.524 лица им се одобрени кредитните барања за бескаматен кредит од ,,Ковид 1" линијата. 

„Средствата од кредитната линија се исцрпени заклучно со пристигнати кредитни апликации на 6-ти април 2020 година, до крајот на работното време. Процесирањето на кредитните барања, согласно јавниот повик, е по принципот ,,прв дојден, прв услужен". Од 738 претпријатија чии кредитни барања се одобрени, 77% или 565 претпријатија се до 10 вработени, 21% или 155 претпријатија се до 50 вработени додека 2% или 18 претпријатија се со 18 вработени. По структура од вкупно одобрените барања, 373 претпријатија со дејност угостителство ја искористиле оваа кредитна линија во износ од 3 милиони евра“, инфомираат од Владата. 

Од дејноста на транспортот 320 претпријатија ја искористиле кредитната линија во износ од 2,3 милиони евра. Од дејноста на туризмот 43 претпријатија ја искористиле оваа кредитна линија на вкупен износ од 252 илјади евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?