06 Декември, 2025
0.2867

Со андроид апликација ќе се поправаат дупките во 3 скопски општини

Објавено во: Мои пари 18 Јуни, 2013 19:16

Добивај вести на Viber

Во три скопски општини, Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба, преку андроид апликацијата „Види, Пријави, Поправи", промовирана денеска, граќаните ќе може да пријавуваат повеќе инфраструктурни проблеми во местото на движење. Како што информираше заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, проектот има за цел да ја олесни комуникацијата меѓу граѓаните и општините, но и да им помогне на општините околу решавање на проблемите и поставување приоритети. Инаки оваа апликацијата е дел од активностите на УНДП Проектот за зајакнување на националниот и локалите системи на интегритет, кои се обидуваат да ја зајакнат транспарентност на општинските власти, но и да им помогнат на граѓаните активно да се вклучат во работењето на општинската администрација и решавање на проблемите. Граѓаните кои имаат паметни телефони со андроид систем ќе треба за го фотографираат проблемот и сликата да ја пратат преку апликацијата до општинските власти кои потоа ќе постапат по неа.
„Очекувам дека апликацијата 'Види, пријави, поправи' ќе биде еднакво успешна како и претходните два проекти што ги реализиравме во соработка со УНДП, и дека на граѓаните ќе им дадеме добра можност во секое време да не потсетуваат и да ни кажуваат каде најитно треба да се интервенира", рече градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј