Добивај вести на Viber
Со виртуелната монета биткоин, ќе може да се плаќа школарина на универзитет во Никозија. Тоа го отвора патот на оваа монета, која финансиските институции се уште не ја признаваат, да стане официјално средство за плаќање.
Иако вредноста на биткоинот, кој во април вредеше 200 долари, за во моментов да достигне 900 долари, вртоглаво расте, он до сега се уште не е прифатен како средство за плаќање во официјални институции, пренесува швајцарскиот весник, 24 часа.
Меѓутоа, таквата ситуација се менува, бидејќи универзитет во Никозија одлучи, биткоинот да го прифати како можност за плаќање на школарина.
„Свесни сме за фактот дека дгитиалните пари се неизбежни во технолошки развој што ќе доведе до значајни иновации во е-трговијата, финансиските системи, плаќањата, трансферите во меѓународните фондови и глобалниот економски развој“ - објаснува во соопштението објавено на сајтот на универзитетот, Христос Влахос, финансиски директор на универзитетот кој брои 5.000 студенти.
Плаќањето со биткоин, како за кипарските, ќе биде овозможено и за странските студенти.