05 Декември, 2025
0.0648

Со директни субвенции до пораст на овчарството

Објавено во: Агробизнис 21 Март, 2015 20:51

Добивај вести на Viber

По 4.000 денари за секоја угината овца и за 20 000 глави овци кои угинаа од болеста син јазик ќе бидат исплатени вкупно 80 милиони денари, со што до крајот на мај треба целосно да бидат исплатени субвенциите. Ова денеска го соопшти министерот за емјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков кој што во Мариово имаше средба со овчарите. Околу 9 500 стопанства се занимаваат со овчарство, а земјава сега располага со фонд од 750 000 овци се информациите кои ги соопшти министеротн напоменувајќи го порастот на  овчарството, кое директно се субвенционира. Министерот Цветков нагласи дека иако со мали задоцнувања, на сточарите во целост им се исплаќаат субвенциите. Ќе бидат обесштетени и сточарите кои имаат угинати овци од болеста син јазик. Лани од син јазик угинаа 18.000 овци Минатото лето од болеста син јазик угинаа  угинаа околу 18 илјади овци, 10 крави и 100 кози. Болеста првпат се појави во Беровскиот крај, а подоцна се прошири во Кочанскиот, Штипскиот, Радовишкиот и Овчеполскиот регион, а болеста не ги зафати трлата на повисоките планински места. Сточарите кои претрпеа огромни загуби од големата епидемија што ја предизвика болеста син јазик беа ослободени од обврската да платат пашарина за 2014 година и ќе им бидат исплатени субвенции за сите пријавени овци, но и за оние кои угинале. Но дел од сточарите реагираа дека ослободувањето од пашарина и субвенции се ништо во споредба со претрпената штета, и бараа обештетување да изнесува минимум 100 евра по овца. Овчарството е една од извозно оринетираните гранки. Македонското јагне е секогаш барано за велигденските празници од грчките, хрватските и италјанските увозници. Податоците покажуваат дека во изминативе години бројот на овците, говедата и козите се намалува.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?