05 Декември, 2025
0.0374

Со добра идеја до сопствен бизнис

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2012 12:10

Добивај вести на Viber

Макетингот, информатичката технологија, менаџментот и изработувањето реклами, се најатрактивните сфери за младите кои одлучиле да почнат сопствен бизнис. Но, освен идеја, порачуваат претприемачите, за успешна реализација на замисленото, неопходни се и знаење и многу упорност.

- Претприемништвото е движечка сила на секоја национална економија, обезбедува корист на општествено и на индивидуално ниво, промовирајќи одржлив раст и развој. Претприемачите не само што сами се вработуваат, туку истовремено креираат и работни места со што играат важна улога во економскиот и општествениот живот, рече министерот за економија Ваљон Сарачини кој ја отвори Глобалната недела на претприемништвото.

Сарачини напомена дека поттикнувањето на претприемништвото како способност на поединецот, е повеќе од потребно во Македонија особено сега, во услови кога светот се соочува со финансиска криза.

- За почнување бизнис е најбитно да се има идеа, голема желба за некоја конретна работа. Тоа е основното. Финансисиите се резултат на реализираното потоа, оствареното, вид награда за вложениот труд. Претходно мора вредно и упорно да се работи. Секако, неопходно е и знаење, но клучно за успех е да се биде упорен. Погрешно е да се мисли дека најпрво се потребни финансии, изјави Филип Арсов, претприемач, и еден од менторите на заинтересираните млади учесници во Глобалната недела.

Аросв ја поздравува секоја владина поддршка за претприемништвото, но средствата во овој сегмент, како што рече, никогаш не се доволни.

- Ова е одлична младите да најдат вработување, да стекнат знаења и искуства од луѓе кои постигнале голем успех во кариерата. Секако е и прилика за да не поттикнат во желбата за почнување сопствен бизнис, Елена Димоска од Македонски Брод, дипломиран економист, чија идеја е отворање сопствен бизнис.

Глобалната недела на претприемништво е најголемиот светски настан за промоција на претприемништвото меѓу младите луѓе. Од 12 до 18 ноември милиони луѓе ширум светот учестуваат на настаните организирани по овој повод во стотици градови.

Македонија, како член на ова движење од 2008 година, исто така се вклучува во активностите кои имаат за цел да ги поттикнат, инспирираат младите луѓе за основање сопствена компанија со што ќе дадат придонес кон развојот на економијата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември