20 Декември, 2025
0.0466

Со донации од граѓаните и турска помош – Македонија доби Детски ургентен центар

Објавено во: Мои пари 21 Декември, 2013 20:01

Добивај вести на Viber

Благодарение на донациите од македонските граѓани, а со поддршка на Турската меѓународна агенција за соработка и развој-ТИКА, Македонија го доби првиот специјализиран Детски ургентен центар. Сместен во кругот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, освен што објектот е целосно преуреден, доби и најсовремена медицинска апаратура. Според  сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова која беше покровител на донаторска кампања „Да помогнеме навреме“,  новиот ургентен центар ќе помогне за итните случаи за кои најнеопходна помош. Секој има обврска да даде свој личен придонес, додаде таа,  за активности кои се однесуваат на општото добро. „Таквите активности се тие кои не облагородуваат, не оплеменуваат, кои не прават хумани и ги истакнуваат нашите доблести и вредности“, истакна Иванова. Министерот за здравство Никола Тодоров, додаде дека Детската клиника мора да биде целосно опремена да одговори на сите најсовремени предизвици во медицината. Посочи и дека министерството направило доста инвестици како промена на прозорците, проекти за енергетска ефикасност подобрено сместување на децата и тоалети во секоја соба во вредност од над 100 милиони денари. За директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова ова е големо достигнување кое почнало како скромна иницијатива. Мехмет Суреја Ер, пак потпретседател на Турската меѓународна агенција за соработка и развој-ТИКА, појасни дека работите за адаптација и реконструкција кои се одвивале од нивна страна биле комплетирани за само два месеци. „Сето тоа е подарок на Република Турција за Република Македонија“, додаде тој. Новиот Детски ургентен центар има четири главни и два дополнителни кревети, шест простории за специјалистички амбуланти,  лабораторија и чекална. Дополнителните донации, надлежните најавије дека  ќе се искористат за доопремување на Ургентниот центар и за новите амбуланти.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии