03 Декември, 2024
0.0262

Со двојна проверка млеката на ДУКАТ достапни за македонските потрошувачи

Објавено во: Агробизнис 14 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Млеката на Дукат се вратија во продажната мрежа во Македонија, со двојна проверка за нивната безбедност и здравствена исправност. Од денес се испорачува новата пратка од млеката на Дукат во трговските објекти низ земјата.  Оваа пратка ги помина сите редовни микробиолошки контроли на млекото кои се спроведуваат согласно законските прописи и правилници, успешно го помина и новиот сопствен систем за контрола на присуството на микотоксини во суровото млеко од фармите. Компанијата Дукат, прва во регионот, дополнително го воведе овој систем за контрола во сите свои производствени капацитети, иако според законската регулатива тоа не е обврска на млекарниците. Дукат на македонскиот пазар се враќа откако претходно претставништвото на компанијата во Македонија самостојно, без барање од страна на надлежните институции, донесе одлука времено да ги повлече од продажба сите млека од овој бренд. Одлуката беше донесена со единствена цел да се задржи високото ниво на доверба кај потрошувачите во квалитетот и безбедноста на млеката на Дукат. -Исклучително сум задоволен што за краток временски период успеавме на потрошувачите во Македонија да им ги понудиме новите, двојно проверени млека на Дукат. Со ова уште еднаш докажуваме дека потрошувачите и нивната доверба во квалитетот и безбедноста на млеката и останатите производи на Дукат, се наш највисок приоритет“, изјави Благоја Слабев, генералниот директор Дукат во Македонија, потенцирајќи дека „со сите активности и вложувања што ги направи за елиминирање на проблемот, што очигледно е распространет низ целиот регион, Дукат покажа дека е подготвен да понуди и спроведе реални решенија без притоа да прави какви било компромиси околу квалитетот, безбедноста и здравствената исправност на сите свои производи“. Компанијата Дукат донесе деловна одлука да вложи финансиски средства во набавка и инсталирање на опрема за контрола на микотоксини во суровото млеко што го откупува од фармите и тоа во сите свои капацитети во регионот.  Со цел да ги заштити граѓаните, компанијата привремено го прекина откупот на сурово млеко од одредени фарми и интензивно, во соработка со надлежните државни органи во земјите на производство и со фармерите, работеше на елиминирање на причините за појавата на овој токсин во млекото, кој потекнува од употребата на несоодветната сточна храна. Во интерес на потрошувачите, претставништвото на Дукат во Македонија ќе продолжи интензивно да соработува со сите надлежни државни институции за контрола на квалитетот и исправноста на млекото и млечните производи.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.