20 Декември, 2025
0.1223

Со еден потег осигурете се, штедете и оплодувајте ги своите средства

Објавено во: Македонија 20 Април, 2022 13:07

Добивај вести на Viber

Животот е единствен за секого, бесценет и прекрасен. Ако минатите моменти го облагородуваат, идните чекаат да бидат создадени, а што ќе испишеме и каква приказна ќе создадеме, зависи лично од нас. Можеме да го збогатиме со единствени моменти и со содржини што ќе си ги создадеме. Дали тоа ќе бидат патувања во егзотични дестинации, обнова на домот, покомфорен живот или школување на децата, сите големи планови можеме да ги реализираме и со тоа да си создадеме идни скапоцени животни моменти.

Колку порано ќе почнете да размислувате за иднината и дел од парите да издвојувате за животно осигурување, толку полисата ќе биде поповолна, а акумулираните средства со текот на годините можат да ви послужат за остварување разни желби. Кога станува збор за животното осигурување, штедењето и сигурноста се најважни. Штедејќи, инвестираме во поубава иднина и обезбедуваме финансиска сигурност за нас и за нашето семејство. Постојат различни можности за штедење, а еден од најсигурните, со кој не само што се создава заштеда туку и се осигурувате од несакани последици, е животното осигурување.

Со цел повеќе да уживате во животот потребни се средства за да ги исполните сите планови и да создадете ексклузивни моменти. Животот можете да го осигурите само со еден потег, да штедите за идните планови и да ги оплодувате средствата. Компанијата Кроациа осигурување овозможува единствена понуда - Ексклузив осигурување на животот, што претставува ексклузивна полиса за животно осигурување, со која освен што го осигурувате животот сега, преку штедењето и оплодувањето на средствата добивате можност да ги остварите сите моменти што ги посакувате и за кои цел живот сонувате.

Ексклузив осигурувањето на животот претставува посебен и единствен производ бидејќи на осигуреникот му овозможува повеќе придобивки и поголема осигурена сума во однос на уплатената премија (во висина од 9 до 37 отсто). Со оваа полиса обезбедувате временски и просторно осигурување, сигурна исплата на вложените средства, финансиска сигурност за себе и за семејството, а заштедувате и средства што се сигурен капитал за разните животни приоритети. Осигурувањето вклучува брза исплата на осигурената сума при настанување осигурен случај и сами го одбирате корисникот на средствата ако нешто ви се случи вам.

Полисата е достапна за лица од 14 до 65 години и со траење на осигурувањето од 10 до 25 години, со што се овозможува создавање толку значаен и потребен капитал за сигурни и обезбедени пензионерски денови. Исто така, оваа полиса е достапна и за деца од 1 месец до 13 години. Овозможена е еднократна уплата на премијата за целиот осигурителен период, а минималната уплата на премијата е 1000 евра за деца до 13 години и 2500 евра за осигуреници од 14 до 65 години.

Овој тип осигурување нуди можност и за вклучување дополнителни осигурувања, меѓу кои се: дополнително осигурување од незгода, дополнително здравствено осигурување од тешки болни состојби, дополнително здравствено осигурување од малигни болести, дополнително здравствено осигурување во случај на оперативни зафати и дополнително ризико осигурување. Полисата опфаќа и осигурително покритие на ризикот од смрт на осигуреникот предизвикан од ковид-19.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки