27 Ноември, 2024
0.0253

СО ГОДИНИ НА ЛИСТИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – соседите мака мачат со невработеноста, и младите не можат да најдат работа

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Грција е единствената земја членка на Европската унија која се бори го висок процент на долгорочна невработеност. Иако за поголем дел од унијата има позитивни резултатите, односно намалување на невработеноста, медитеранските земји се меѓу оние кои имаа најголема невработенсот.

Дополнителен проблем со кој се соочуваат е долгорочната невработеност, објави европскиот статистички центар „Евростат“.

-  Од земјите на ЕУ, Грција се истакна со највисока стапка на долгорочна невработеност која достигна 6,2 отсто. Потоа следат Шпанија со 4,3 процент и Италија со 4,2 отсто. На спротивниот крај на скалата се Данска и Холандија каде долгорочната невработенсот изнесува само 0,5 проценти, пред Чешка, Малта и Полска кои пак имаат само 0,8 отсто невработеност – се нагласува во извештајот.

Статистичкарите на ЕУ утврдиле дека во 2023 година, стапката на невработеност за лицата на возраст од 15 до 74 години во ЕУ се намалила на 6,1 отсто од работната сила, што е најниско ниво од 2014 година.

-  Стапката на долгорочна невработеност, како процент од работната сила, беше 2,1 процент. во 2023 година, што претставува историски најниско ниво од почетокот на временските серии во 2009 година. Исклучок се Грција која се бори со висока долгорочна невработеност од 6,2 проценти, како и Шпанија и Италија.

Што се однесува на лицата на возраст од 15 до 29 години, односно младинската невработенсот, „Евростат“ утврдил дека стапката на невработеност изнесува 6,3 отсто од вкупното население на иста возраст.

-  Гледајќи го долгорочниот тренд, ова учество е на најниско ниво во целата расположлива временска серија. Сепак, ситуацијата меѓу земјите на ЕУ варираше многу. Највисок удел на невработеност кај младите има Шведска со 10,9 проценти, потоа Шпанија со 10,8 отсто и Грција со 9,8 проценти. Најниски стапки има во Чешка од 2,4 отсто, Бугарија со 3,2 проценти и Германија со 3,3 отсто младинска невработеност – појаснуваат статистичарите.

Последните месечни податоци на „Евростат“ исто така покажаа дека Шпанија и Грција се во врвот меѓу земјите во ЕУ со најголема невработеност. Но, Германија, која важеше за економскиот мотор на Европа, за прв пат по подолг период се соочува со раст на невработеноста. Бројките говорат дека 13.027 милиони луѓе во ЕУ, од кои 10.925 милиони во еврозоната, биле невработени во август 2024 година.

Месечните податоци откриваат оти најголема невработеноста има Шпанија со стапката на невработеност од високи 11,3 проценти. Веднаш зад неа според процентот на невработеност е нашиот сосед Грција, каде во август стапката достигнала 9,3 отсто. Трета на листата земји со најголема невработеност во унијата е Шведска со 8,4 проценти невработенсот, а веднаш по неа е Финска со 8,3 отсто невработени граѓани. Германија, која важи за економскиот мотор на Европа, нема толку високи стапки на невработенсот, но бележи раст на невработеноста. Имено, во август годинава стапката била 3,5 отсто, додека една година претходно стапката на невработеност во Германија изнесувала само 3 проценти.

Чешка пак е земја која може да се пофали со најниската стапка на невработеност. Таму, согласно податоците кои ги објави „Евростат“невработеноста изнесувала само 2, 6 проценти. Потоа следува Полска со 2,9 проценти невработеност, па Малта со 3 проценти невработеност, и Словенија со 3,3 отсто невработени граѓани. 

П.О.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката