16 Јануари, 2025
0.0291

Со хуманитарна акција Битолска млекара го одбележа светскиот ден на млекото

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

По повод светскиот ден на млекото 1-ви јуни Битолска Млекара донира 110 пакети производи за три домови за деца без родители: домот за доенчиња во Битола, домот за деца без родители 11-ти Октомври во Скопје и СОС детското село во Скопје. Донацијата вклучува повеќе од 1.300 килограми Битолско млеко со десет витамини неопходно за правилен раст и развој на децата. Донацијата ја додели директорката за човечки ресурси од Битолска Млекара г-ѓа Лидија Буревскакоја истакна дека Битолска Млекара со задоволство ги реализира сите идеи во чиј фокус е доброто на децата.
„Секогаш е убаво кога имаме можност да подаруваме, да го споделиме она што го имаме со оние на кои што им е најпотребно. Витаминското млеко е првото трајно млеко во Македонија препорачано од здружението на педијатри, производ кој е дизајниран да одговори на потребите на децата за витамини и минерали неопходни за нивни правилен, здрав раст и развој. Оттука идејата за споделувањето на витаминското млеко со дечињата без родители ја прифативме со многу радост со оглед на фактот дека децата се во фокусот на општествено одговорните активности на Битолска Млекара. Компанијата како досега така и во иднина останува да биде посветен пријател на децата. – изјави Лидија Буровска, директорка за човечки ресурси во Битолска Млекара.
Светскиот ден на млекото се одбележува од 2000-та година, воспоставен од страна на Организацијата на обединетите нации за земјоделство и храна со цел постојана промоција на здравиот начин на живот преку правилна и балансирана исхрана. Млекара АД Битола е најголемата млекара во Р. Македонија со капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри годишно која посветува врвно внимание на квалитетот и поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната - ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на нашите производи. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот - Danube Foods Group.

Можеби ќе ве интересира

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето