Добивај вести на Viber
Намалена е границата за аплицирање што овозможува ИПАРД барања да поднесуваат и поситните земјоделци, но зголемена е и сумата за поголемите проекти, објасни заменик министерот Зоран Коњановски синоќа пред земјоделците во Ресен.
-Купување механизација, модернизирање фарми, млекарници, пластеници и оранжерии, обновување на преработувачки капацитети, како и изградба и реновирање на објектите за рурарен туризам со средства од европските претпристапни фондови, овозможуваат најновите измени на ИПАРД програмата, истакна Коњановски.
Производителите, главно овоштари, најмногу се интересираа за новините во нивниот сектор, но внимание предизвика и можноста за набавка на трактори.
Коњановски објасни дека намалена е границата за аплицирање што овозможува ИПАРД барања да поднесуваат и поситните земјоделци, но зголемена е и сумата за поголемите проекти. Измените воедно овзможуваат за претпристапните средства да конкурираат и малите и средните претпријатија поради што се очекува значително поголема апсорпција на европските фондови.
- Можностите се сега многу поголеми. За оние кои сакаат да изградат нови оранжерии границата на дозволени трошоци е подигната на повеќе од 2 милиона евра. Ќе може да се користат и средства за изградба на нови објекти во руралните средини со капацитет до 30 соби и 70 легла во насока на развој на туризмот и нови вработувања за што сметаме дека ќе има голем интерес. Оттука, очекуваме на наредните огласи да се јават поголем број апликанти и искористеноста на средствата да биде многу поголема, истакна заменик министерот.
Досега, рече, бројот на апликации беше прилично низок, 70 до 90 по јавен повик, а сега се очекува драстично зголемување, до околу 1.000, што ќе значи и многу посериозна апсорпција на средства.
- Нудиме нешто што досега не постоше во ИПАРД, а ќе придонесе да им излеземе во пресрет на барањата на земјоделците, напомена Коњановски.
Синоќешната презентација се одржа во рамки на ИПАРД форумот „Нови измени во ИПАРД Програмата - подобри можности за користење на европските фондови“, еден од серијата што почнаа неделава и ќе траат се додека сите земјоделци не бидат директно информирани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.