16 Декември, 2025
0.0689

Пет илјади нови работни места, на Халкидики ќе се ископува злато!

Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2014 08:01

Добивај вести на Viber

На грчкиот полуостров Халкидики ќе се ископува злато, информира Дојче веле. Канадската фирма, „Елдорадо Голд“, ветува 5.000 нови работни места. Звучи премногу убаво за да биде вистина: 5.000 нови работни места во регион со висока невработеност во економски кризната Грција. Противниците на проектот стравуваат дека со рудниците ќе се уништува и загадува животната средина. Овие работни места меѓутоа изгледаат убаво само на хартија, смета Јанис Вергинис од граѓанското движење „Coordinating Committee of Associations of Stageira-Akanthos Against Gold Mining.“. Ова движење е цврсто решено да го спречи ископувањето на злато во регионот. „Тоа е прашање на одржливост“, појаснува Вергинис во разговор за ДВ. Можеби можат да се вработат 1.300 луѓе на десет или дванаесет години, но во тој период би биле нанесени и големи еколошки штети. Исто така би биле погодени и вработувањата во други области, дополнува Вергинис, на пример во туристичкиот сектор. „Доколку бројот на посетители се намали за 25 проценти, 12.000 луѓе ќе загубат работа“. Дали првиот рудник е само почеток? Во моментов, претпријатието и неговите испорачатели вработуваат околу 1600 луѓе во регионот, појаснува Едуардо Моура, вицепретседател на „Елдорадо Голд“ и шеф на фирмата за Грција. Грчката фирма-ќерка „Хелас Голд“ во моментов врши подготвителна работа во регионот. На интернет страницата на претпријатието се вели дека рудникот Скурис ќе биде активиран најдоцна во 2016. година. Планиран е период на активност од 27 години. Регионот на североистокот на Грција живее главно од туризам, риболовство, земјоделство и пчеларство. Единствениот активен рудник е рудникот за сребро Стратони. Тоа ќе се промени, кога „Елдорадо Голд“ ќе започне да ископува злато во рудниците Скурис и Олимијас. Противниците на намерата стравуваат дека е тоа само почеток и дека ќе следуваат други рудници. На интернет страницата на фирмата се најавуваат истражувања на три други области на полуостровот. Пробните дупчења биле извршени веќе во 2013 година. Претежнува загриженоста за животната средина Активистите се загрижени за животните услови на жителите. Според податоци на концернот, мораат да бидат расчистени 180 хектари шума. Претпријатието вети дека ќе бидат засадени нови стебла „'Хелас Голд' ќе ги пошуми областите од каде нема повеќе да се експлоатира руда. По завршувањето на проектот Скурис рудникот ќе биде наполнет и ќе се повратат пределите“, појаснува Моура за ДВ. Вергинис има други бројки: „За рудникот Скурис мораат да бидат исечени 300 хектари шума“, смета тој, недопрена шума. Исто така и Марија Кадоглу од граѓанската иницијатива „Hellenic Mining Watch“ скептично гледа на бројките на „Елдорадо Голд“. Таа смета дека концернот би морал да исече повеќе шума, бидејќи заборавил да ги вклучи пристапните патишта и локацијата за депонија. „Жителите со право стравуваат дека ќе биде погоден нивниот животен простор од овој огромен комплекс на рудници“, вели оваа жена борец за граѓанските права. Активистите исто така ги загрижува употребата на отровниот цијанид. Тие стравуваат дека оваа хемикалија, која се користи за двоење на златото од рудата, би можела да ги загади земјиштето и подземните води. Во писмениот став концернот „Елдорадо Голд“ за ДВ појасни дека ниту за проектот Скурис, ниту за Олимпијас нема дозвола за употреба на цијанид. А.А.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството