Со измените во Законот за вино се воведуваат нови производи
Објавено во: Агробизнис 13 Април, 2019
– Со измените во Законот за вино се воведуваат нови видови на производи како органско или ароматизирано вино и многу други продукти согласно на регулативата на ЕУ. Ова го соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, по средбата со лозари и преработувачи на грозје во Кавадарци.
-Од особен интерес за малите капацитети, за зголемувањето на производството на вино, особено кај оние бутик или семејни винарии, во измените веќе стои дека малите винарии нема да има потреба да вработуваат енолог, туку може и со ангажирање со соодветен договор. Тоа е едно од барањата кои ги прифативме. Кај производителите физички лица, не мора да бидат со соодветно високо образование, како што се бараше досега, туку може да имаат средно земјоделско училиште. Со низа измени ги поттикнуваме производството на физичките лица кои можат да се регистрираат и да продаваат и малите винарии. Ќе се зголеми целокупното производство, извозот, ангажираноста. Нашата земја располага со одлични потенцијали и затоа се решивме на храбри измени. Ги претставивме измените кои се заокружени и се во процедура. Тие се во интерес на лозарите, нагласи министерот.
Тој рече дека овие измени се усогласени со сите засегнати страни. Ова е Влада, додаде, која досега по секој еден основ креираше мерки и политики кои се насочуваат на враќање на парите назад кон граѓаните, кон лозарите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.