Со казна од 5000 евра ќе се соочат обложувалници каде ќе се затекнат малолетници
Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2014
Предлог измените на Законот за игри на среќа кој е во владина процедура предвидуваат парична глоба од 5.000 евра и затварање на објектот во временски период од шест месеци до две години доколу инспектори на Управата за јавни приходи утврдат дека во објектот има лице кое што е помладо од 18 годни.
Имено според предложените измени новина е тоа што се засилуваат овластувањата на Управата за јавни приходи како и инспекцискиот орган кој врши надзор врз приредувањето на игри на среќа. Така инспекторите ќе можат во секое време да вршат проверка на документацијата со која се докажува возраста на лицата кои се затекнати во спортска обложувалница, казино или други приредувачи на игри на среќа.