18 Декември, 2025
0.2022

„СО КОЈ ПАМЕТ СТЕ ГИ ДОВЛЕЧКАЛЕ ЛУЃЕНО НА ПЛУС 43 СТЕПЕНИ ДА КОСАТ ЗА ВИЕ ДА СЕ СЛИКАТЕ?“: Реакции за генералката на Кале на скопските градоначалници

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2025 08:30

Добивај вести на Viber

Генералката на скопските градоначалници на скопското Кале предизвика лавина реакции на граѓаните, затоа што на екстремно високи температури излегле на терен со работниците.

14 години е затворено Кале, денес, најтоплиот ден од годината, ги затегнале луѓето да го чистат, џанам од понеделник ако чистеа кога ќе се спушти температурата ќе имаше некоја разлика. Земете и вие чистете го Кале на пеколов па да има некоја логика, вака е само гол популизам пред избори. Ставете ги луѓето под клима, греота е ова, 42 степени се предвидени за денес, во сенка“, напиша Ина Многуфина.


Со реакција се јави и пратеникот од ГРОМ, Александар Трајановски.
„Денешното „средување“- косење на тврдина Кале покажа неколку трагични работи:

Денес фелата на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ од скопските општини, заедно со најодговорниот за катастрофалната состојбата на Кале, министерот за култура Љутков беа да се сликаат дека го искосиле. Секако откако прво "ревносно" ги средија и окосија нивните општини, особено Аеродром.

Во овој „херојски подвик“ за потребите на кампањата на нивниот кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски ја злоупотребиле ЗЕЛС на која и тој е претседател, бидејќи немале идеја како поинаку да ги соберат комуналните работници од сите општини да дојдат да му го искосат Калето на министерот Љутков после година и неколку месеци власт за беспари, а протоа сите да изгледаат успешни и нормално во служба на народот.

Скопкото Кале е под ингеренции на Министерство за култура на Република Македонија, односно Управа за заштита на културното наследство, а ЗЕЛС претседателе Ѓоргиевски и остали градоначалници членови не служи за собиранки и косење трева. Така да ова е класична злопотреба на една реномирана установа и секако нејзината претседателска позиција, за општините ај...

Според моите познавања, општинските комунални работници не можат да вршат дејност на друга територија освен на општината за која се ангажирани, освен за вонредни состојби, елементарни непогоди.

Е сеа ако вие свесно сте го држеле Кале во елемнтарна непогода планирајќи го за изборни потреби и цели тоа е нешто друго, уствари не е, ова е тоа.

Знаете кој може да уредува и средува зелени површини по утврден ценовник за услуга?

Ј.П. Паркови и зеленило Скопје или приватна компанија ангажирана на јавна набавка. Имате таква јавна набавка?

И за крај со кој памет сте ги довлечкале луѓено на плус 43 степени да косат за да вие се сликате?“, напиша тој.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми