Со консолидација на земјиште до подобра обработка и приноси
Објавено во: Агробизнис 04 Април, 2016 13:31
Државата преку ИПА Програмата 2015 2017 година има на располагање 5 милиони евра, за консолидација на земјоделското земјиште.
Ова денеска го најави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски. Консолидацијата ќе значи подобра обработка на земјиштето, поголем принос и поголема конкурентност. Ќе се реализира на доброволна основа, а интересот кај земјоделците засега е голем.
Ќе се направи модел што ќе ги привлече земјоделците да се вклучат во постапката за консолидација. Во битолското село Егри, ќе се консолидираат вкупно 360 хектари парцели во сопственост на 214 производители.
„Консолидираните реони планираме финансиски да ги поддржиме од Програмата за рурален развој, а конкретно во Егри треба да се изградат соодветна инфраструктура, пристапни полски патишта до новоформираните парцели и канал за одводнување“ - рече Костадиновски.
Во општина Конче се работи на окрупнување на површините, со размена на приватни парцели.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





