Со купување новогодишни украси од Скопје Мериот Хотел, донирате за децата од СОС Детско село
Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2016 13:25
Децата од СОС Детско село заедно со Скопје Мериот Хотел, изработија автентични и уникатни новогодишни украси кои ќе бидат наменети за продажба и донирање. Како гости на Скопје Мериот, во склоп на еднодневната креативна работилница, децата од овој центар креираа новогодишни украси од најразлични материјали и бои, што ги обезбеди хотелот. Рачно изработените украси се поставени на елката во Скопје Мериот од каде секој ќе може да купи еден или повеќе исо тоа да донира за СОС Детско село. За таа намена е поставена и донациска кутија од СОС Детско село.
„Мериот хотелите имаат традиција на соработка со СОС Детско село на глобално ниво. Тоа значи дека истата и одамна започната иницијатива ја пренесуваме и тука во Скопје, со што стануваме пријатели со децата од локалната организација и заеднички, со нивната креативност и детска инвентивност ги мотивираме граѓаните да ги купуваат нивните креации и со тоа да донираат и помогнат за подобрување на секојдневието на овие деца. Со вака осмислената акција ја будиме свеста на јавноста за потребите на овие деца и истовремено кај децата ги поттикнуваме позитивни вредности. “, изјави Пјотр Ленчевски, Директор за маркетинг и продажба во Скопје Мериот Хотел.
Целодневниот настан беше дополнет со предновогодишна забава за децата со присуство на дел од славните личности како Каролина Гочева, Влатко Лозаноски, бендот Eye Cue и задолжителниот Дедо Мраз кој им ги подели новогодишните подароци.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




