25 Ноември, 2024
0.0326

СО МАСКА И НА ПЛАЖА И САМО 15 ГОСТИ НА 100 МЕТРИ КВАДРАТНИ - угостителите се жалат, нема да се исплати

Објавено во: Економија 14 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Онака како што сега изгледаат протоколите за работа на плажите и базените, тешко дека со нивно стриктно почитување ќе може да се обезбеди рентабилно работење. Ова се првичните неофицијални реакции од концесионерите и менаџерите на плажите на охридското крајбрежје до кои дојде Фактор, а кои се однесуваат на новите протоколи за работа на плажите и базените, кои Владата ги усвои на вчерашната седница.

За овие угостители е најмногу спорен условот според кој на плажите ќе смее да има масимум 15 лица на 100 метри квадратни.

„Тоа значи дека на пример, доколку една плажа има 1.000 метри квадратни, на неа ќе смеат да бидат присутни максимум 150 посетители. А инаку, во редовни околности, на овие плажи има меѓу 500 до 600 гости. Тоа значи дека ние ќе можеме да опслужиме многу малку гости, односно нашиот капацитет ќе биде намален за околу 80 отсто, што би го направило нерентабилно нашето работење“, вели менаџер на една плажа во Охрид со кого разговараше Фактор. Тој вели дека, сепак, сака да почека да види како конкретно ќе изгледаат протоколите, со оглед што засега новите правила се објаснети само преку владино соопштение.

Тој додава и дека овој протокол е во колизија со Протоколот 33 за организирање на музички настани. Всушност, како што објаснува овој менаџер, многу плажи на потегот од Охрид до хотелот „Инекс Олгица“, како и во Градиште, не се само обични плажи, туку организираат и музички настани, како што се присуство на бендови, ди џеи и слично.

КОЈ ПРОТОКОЛ ДА СЕ ПОЧИТУВА

„Во согласност со протоколот за организирање на музички настани, пак, бројот на гостите на тој настан може да биде максимум до половината од вкупниот број гости што редовно би дошле, или на плажа од 1.000 метри квадратни, ако редовно би имале 500 до 600 гости, сега ќе биде дозволено од 250 до 300 гости. Тоа значи повеќе од 150 гости колку што би имало според Протоколот за работа за плажите. Затоа ние сега сме збунети и не знаеме кој протокол да го почитуваме. Само доколку го почитуваме оној за музички настани, само во тој случај нашето работење може да биде колку толку рентабилно. Инаку, со протоколот за плажите тоа не е возможно“, вели овој менаџер.

Затоа многу од плажите ќе мора да организираат настани, односно да повикуваат или ди џеи или бендови, но укажуваат и дека нивните настапи, исто така треба да се платат.

Проблем, според угостителите, може да биде и задолжителното носење маска и барањето од вработените на плажата да го обезбедат тоа од гостите.

„Ние при влезот на плажата можеме да побараме гостинот задолжително да носи маска, или ако нема, ние ќе му дадеме, но кога тој ќе влезе на плажата, тоа не е возможно. Друго е во кафуле или во ресторан, каде што гостите седат, па полесно е да се следи нивното однесување, но на плажите гостите се движат. Или се во вода, или на лежалка, или на шанк, па не можеме постојано да ги следиме и да бараме да носат маски“, вели овој менаџер.

Како и да е, угостителите чекаат да ги видат протоколите, па ќе дадат попрецизни коментари за нивната исплатливост и применливост во пракса.

НА ПЛАЖА МАСКА, РАСТОЈАНИЕ И ПРИ ПЛИВАЊЕ

А Владата на вчерашната седница ги усвои протоколите за плажите и базените, откако нив ги предложи Комисијата за заразни болести. Кога станува збор за плажите, во протоколот се вели дека на плажа задолжително ќе мора да се носи лична заштитна опрема за лицето, што значи или маска, или марама. Тие на посетителот ќе мора да му ја покриваат и устата, и носот. Исто така, мора да се почитува мерката за одржување на физичка дистанца од 1,5 до 2 метри меѓу гостите на плажата. Но, ова нема да важи само за на плажа, туку оваа раздалеченост посетителите ќе мора да ја почитуваат и додека се во водите на езерото.

На плажа ќе смее да има максимум 15 лица на 100 метри квадратни. „Препораките опфаќаат правила за однесување на плажите кои се однесуваат и на сите вработени лица, и на посетителите за лична заштитна опрема на лицето, која што ги покрива пределот на носот и устата, достапни и видливи места за средства за дезинфекција на рацете, физичка дистанца од 1,5 - 2 метри, вклучително и при престој во вода, како и ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 м² нето површина“, се вели во соопштението.

На плажите е задолжително меѓу индивидуалните чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, растојание од 1,5 - 2 метри помеѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и после користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.

Се забрануваат групните спортови, како одбојка на плажа, а мора да се одредат лица кои ќе го контролираат бројот на посетители и спроведувањето на мерките. За користење на угостителски услуги, пак, се препорачува почитување на Протоколот за угостителска дејност кој важи во услови на епидемијата. На плажите не се препорачува користење на гардероби.

СОБЛЕКУВАЛНИТЕ ЗАЧЕСТЕНО ДА СЕ ЧИСТАТ И ДЕЗИНФИЦИРААТ

Протоколот за работа на базените, пак, во тек на пандемија со КОВИД-19, покрај почитувањето на основните превентивни мерки за лична заштита, определува како задолжително пред билетарите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5 - 2 метри. Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5 - 2 метри или заштитна бариера. Да се препорача и практикува бесконтактно плаќање со кредитни картички. Да се обезбеди и препорачува онлајн купување на билети.

„Пред влезот на базените задолжително е да се постави подлога за дезинфекција на сите посетители и да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете со известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување и да се постави пред влезот на сите простории во објектот“, се вели во протоколот.

Користењето на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување на ред и незадржување од страна на назначени лица од редарска служба. Зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои 2 часа, ако треба и почесто. При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана подлога за миење на нозете.

Сите вработени лица и посетителите до влегување во базенот задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето што подразбира било каква форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата, како и да одржуваат физичка дистанца од 1,5 - 2 метри вклучително и во базенските води. Се ограничува бројот на посетители во објектот согласно квадратурата на објектот, максимум 15 посетители на 100 м² нето површина, вклучително и површината на базенот, или еден пливач на 7 м² во базенот, и задолжително да се одредат лица кои ќе го контролираат бројот на пливачи во базенот.

Вработените се задолжуваат да водат евиденција за секој тренинг или за слободно користење на базенот од страна на граѓаните, со цел полесно епидемиолошко следење во случај на појава на заразен. 

ДЕЛ ОД ПЛАЖИТЕ И БАЗЕНИТЕ И ДОСЕГА РАБОТЕА БЕЗ ПРОТОКОЛИ

Сепак, во изминативе две недели, уште пред да се донесат протоколите, дел од базените и плажите работеа, иако тоа не беше според утврдени правила на игра во услови на епидемија на коронавирусот. 

Дел од сопствениците на базени реагираа зошто се дозволува нивно работење, со што се создава нелојална конкуренција, па оние што не работат бидејќи ги почитуваат прописите, се практично во загуба. 

Фактор контактираше и со Државниот пазарен инспекторат, од каде инспекторите од Охрид и Струга не информираа дека неодамна била донесена Уредба за работа на плажите, но не ја поништил Уставниот суд. Со ова практично им се врзале рацете на пазарните инспектори да можат да постапуваат кај оние базени и плажи што не ги почитувале правилата, а тие без проблем си работеле во изминативе неколку дена. 

А онка како што сега стојат работите, на граѓаните од земјава најверојатно како избор за користење на летниот одмор ќе им останат плажите на домашните езера, или базените за разладување.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија