Со монографија за Македонија до повеќе туристи
Објавено во: Мои пари 08 Мај, 2013 20:50
Македонските граѓани и туристите добија уште една можност да се запознаат со туристичките потенцијали и културно-историските знаменитости во земјава преку новата монографија насловена,„Македонија – туристички бисер“. Изданието е отпечатено во 3.000 примероци на македонски и на англиски јазик, има 592 страници и во неа се претставени повеќе од 350 места за посета со над 1.700 фотографии, како и 12 карти.
Во изданието се опфатени 34 градови, 19 населени места, осум плоштади и чаршии, седум саат-кули, шест мостови, 35 споменици, 20 музеи, 10 спомен-куќи и галерии, 31 црква, 32 манастира, пет џамии, шест објекти на исламската архитектура, 15 археолошки локалитети, 15 планини и врвови, седум извори и реки, три национални паркови, три природни езера, еден остров, осум вештачки езера, четири бањи, три пештери, девет експонати и сувенири, 39 културни манифестации кои се одржуваат на традиционална основа, а презентирани се и над 350 сместувачки и угостителски капацитети, туроператори итн. „Македонија - туристички бисер“ е комплексно дело кое напорно, но трудољубиво се работеше повеќе од две години - со многу љубов и ентузијазам, но и со должна темелност и посветеност кон основната идеја- да се опфатат сите важни туристичко-географски аспекти за целата територија на Република Македонија, разработувајќи ги нејзините туристички вредности низ десет туристички региони одделно. Мото на ова издание е „Македонија - полна со живот“, истакна Дејан Николовски, еден од авторите на текстовите во ова издание. Монографијата, посочи министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, е еден крупен чекор во промоцијата на сите природни убавини, на сите историски и културни обележја на нашата држава. „Публикацијата ги презентира и новите архитектонски дела кои го градат имиџот на нашата модерна метропола, кои се изградија во изминатиот период и кои се провокација многу туристи од разни држави да го посетат нашиот главен град. Композициите од текст, мапи и фотоилустрации застапени во монографијата ги нудат основните географски и историски карактеристики на Македонија и на нејзините 10 туристички региони“, рече Канческа Милевска. Монографијата е во издание на Информативно-деловен бизнис центар“-Скопје, а поддржана е од Министерството за култура во рамки на Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2013.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





