15 Мај, 2024
0.0299

СО НЕГО ЗАВРШИ ЕРАТА НА ВМРОВСКОТО УПРАВУВАЊЕ СО УБК: Кој е Владимир Атанасовски и што наредил на 27 април?

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Додека јавноста подзаборави на третиот директор на УБК за време на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, рочиштата за крвавиот четврток повторно го ставија под лупа. Сведокот Захарие Симовски изнесувајќи ја својата одбрана за обвинението за кое се товари призна дека бил дел од настаните од 27 април но по наредба на како што кажа на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа. 

Сведочејќи тој кажа дека Василевски-Нинџа примал наредби од поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски и од началникот во Управата Никола Бошковски, кои постојано комуницирале со него. 

Владимир Атанасовски кој е по потекло од Делчево го управуваше директорското кормило во Управата за безбедност и контраразузнавање. 

Протестот на 27 април не ги задоволил неговите апетити во поглед на масовноста, а по тој датум кој ќе остане врежан во сеќавањата на оние кои во тој момент се затекнаа во Собранието и на кои коските им се тресеа од страв додека разулавена толпа граѓани беснееше низ Законодавниот дом, Владимир Атанасовски побарал да се фрлат бомби во домовите на актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов и на сегашната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, но и да му се запали автомобилот на Љубомир Фрчкоски. Ова го кажа сведокот Симовски на вчерашното рочиште за настаните од 27 април во Собранието.

Атанасовски  на функцијата дојде во септември 2016 а го наследи неприкосновениот Сашо Мијалков кој во мај 2015 си поднесе оставка по девет години управување. 

Атанасовски ќе остане запаметен по историското „отвори, отвори“ на специјалната обвинителка Катица Јанева, на која не и дозволуваше да влезе во тајната полиција и да земе податоци од системите за прислушување. 

За Делчевецот Атанасовски нема многу податоци во медиумите, иако имаше висока позиција во борбата со криминалот, перење пари и финансирање на тероризам. Речиси не се појавуваше во јавноста, ниту пак обелодени дека води истрага за некој случај.

Првото работно место тој го доби во 2008 година во Управата за спречување перење пари. Тогаш имаше 26 години а има завршено Економски факултет во Скопје.

Пред да стане директор беше советник во Одделението за меѓународна соработка. 

Досега името на Владимир Атанасовски не се спомнуваше, ниту пак се најде меѓу обвинетите за инцидентите од крвавиот четврток а според последните искази на сведочењата на дел од обвинетите работите би можеле да се променат.

Ване Цветанов, кој е поранешен директор на Управата за спречување перење пари на социјалните мрежи напиша дека добро го познавал Атанасовски . Цветанов пишува и дека Атанасовски има многу контакти надвор од државата, и многу пари при што би можел да се пушти во бегство па упатува апели до надлежните да реагираат на време.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“