05 Декември, 2025
0.2634

Со нов закон ќе се спречува мобингот во Македонија

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2012 18:59

Добивај вести на Viber

Ќе се носи посебен закон за заштита од психичко вознемирување на работното место односно за мобинг, што ќе важи и за јавниот и за приватниот сектор, соопшти денеска на владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.  Планот е законот да се изгласа за три месеци, а како иницијатор се јавува Сојуот на синдикатите на Македонија. Во законот ќе бидат содржани и разработени и постоечките законски норми од Законот за работни односи каде што се третира мобингот. Според владиниот портпарол, со законот ќе се предвиди квалификацијата на делото психичко вознемирување на работно место и случаите кога се цени дека е извршен мобинг. Ќе има и санкции за вршење мобинг, а  ќе се дефинира и ограничи злоупотребата на законот за несоодветно пријавување. „Тоа ќе овозможи поголема заштита, но и поголема мотивација на работникот за работа, за креација и продуктивност. Со законот ќе се постигне хармонија во дејствувањето на работодавачот и работникот, но и на самите работници меѓусебно, во насока на остварување на заедничките цели и интерес“, појасни Ѓорѓиев. Од 2009-та се пријавени 30 случаи на мобинг. Тоа се постапки отворени пред Комисијата за заштита од дискриминација, а неколкумина помалку побарале и судска заштита.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември