Со нова стратегија до поголем извоз на македонското овошје и зеленчук
Објавено во: Агробизнис 29 Април, 2013
Денеска и официјално беше промовиран проектот „Развој на секторски маркетиншки планови за промоција на извозот на свежо овошје и зеленчук и преработки од овошје и зеленчук“ со кој ќе се помага правењето стратегиски маркетинг планови за извоз на македонско свежо и преработено овошје и зеленчук.
Како таргет пазари за извоз на свежи плодови се пазарите во Србија, Русија, Словенија, Германија и Канада, додека за преработките од овошје и зеленчук се цели кон Србија, Чешка, Русија, Бугарија и БиХ.„Маркетинг плановите за извоз не-свежо овошје и зеленчук се од огромно значење и ќе придонесат за зголемување на потенцијалите за извоз на земјоделски производи и нивни преработки. Главниот резултат на овој процес претставува дефинирање на таргет пазарите со најголем извозен потенцијал за македонските производители“, изјави денеска министерот за економија Ваљон Сараќини кој додаде дека меѓународните пазари денес се пософистицирани, поконкурентни, поиновативни и затоа е потребно нашите компании да го следат тој тренд.
За Сараќини, агро-бизнис секторот е еден од најпотенцијалните за извоз и неговото унапредување ќе значи и поттикнување на целокупниот економски развој на земјата.Тој нагласи дека Министерството за економија во 2010 година ја изработи Извозната стратегија на Република Македонија во која се дефинираат приоритетните сектори со најголем извозен потенцијал за развој на македонската економија, а тоа се текстилот, агробизнисот, автомобилските делови и ИТ технологиите.
Според изнесените податоци, извозот на преработки од овошје и зеленчук во 2007 година изнесувал 29,6 илјади тони, а во 2012 достигнал 40,5 илјади тони. Во 2012 година се бележи зголемување на извозот од 136,9 отсто во однос на 2011, а дури 173,1 отсто повеќе во однос на 2007 година.„Извозот на македонските земјоделски производи во 2006 година изнесуваше околу 242 млиони евра, а денес достигна до скоро половина милијарда евра. Во 2006 и 2007 имавме извоз од околу 400 илјади хектолитри квалитетно македонско вино, а сега извозот е еден милион хектолитри. Од Македонија најмногу се извезува тутун, вино и свежи земјоделски производи, но целта е да имаме дополнителна вредност во македонскиот земјоделски производ, односно преку преработката да постигнеме поголем ефект во земјоделството“, посочи заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски.
Процесот на изработка на проектот траел околу десет месеци, а во себе стратегијата содржи конкретни предлог активности на кои пазари и на кој начин македонските земјоделски производи дополнително треба да се поддржат и да се промовираат.Како голем проблем засега се споменуваат малите парцели на македонските земјоделци и слабата соработка меѓу нив со цел да се обезбедат правилни семиња кои ги бараат странските пазари. Маркетинг плановите се изработени од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, АгБиз програмата на УСАИД и Владината холандска агенција ЦБИ (Центар за промоција на увозот од земјите во развој) во соработка со компанијата Македонија Експорт.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.