20 Декември, 2025
0.0476

СО НОВИ ЧИЗМИ ОД 5.390 ДЕНАРИ - полицајците се подновија со удобни обувки

Објавено во: Македонија 29 Април, 2022 10:57

Добивај вести на Viber

МВР објави дека набавила 8.550 пара чизми за полицајците, од кои секој пар ќе чини по 5.390 денари без ДДВ.

„Континуираното вложување во современа опрема на припадниците на македонската полиција е еден од приоритетите поставени на стратешко ниво од страна на ова раководство на Министерството за внатрешни работи, започнувајќи од 2017 година до денес.

Деновиве во магацините на МВР, врз основа на потребите на Министерството за внатрешни работи, a согласно планот за материјално-техничко унапредување на условите за работа на полициските службеници, вклучително и специјалните единици на МВР, пристигна набавката од 8.550 високи специјални чизми со врвен квалитет. Од нив 550 пара се за припадниците на Единицата за брзо распоредување, а 8.000 за останатите припадници на полицијата. Вкупната вредност на набавката изнесува нешто над 46 милиони денари без вклучен ДДВ, односно со единечна цена на пар од 5.390 денари без вклучен ДДВ“, се вели во соопштението од Министерството.

Со ова, велат, се комплетираат испораките од спроведените јавни набавки на униформа во 2021 година, а се дел од инвестициите во полицијата коишто важат како најголеми по опфатот на служби досега.

„Вкупно реализираните 10 милиони евра инвестиции во униформи покажуваат дека ова раководство на МВР, предводено од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е решено драстично да ги подобри условите за работа по највисоки европски и светски стандарди на опременост на полициските служби“, велат од МВР.

Нагласуваат дека во изминатиот период биле распределени 16.000 летни и зимски панталони и здолништа, ремени и 8.000 зимски јакни. 

„Претходно, сите организациони единици добија униформи, при што униформираната полиција доби по 10.000 пара полувисоки чевли, како и чевли со подебел ѓон, по 10.000 кошули зимски и летни, со долг ракав и со краток ракав, по исто толку летни и зимски капи и ремени, 6.950 машки и 1050 женски маици со кратки ракави со јака. Приправниците добија 670 комплети униформи, а обезбедени се и 2.330 парчиња флоуресцентни елеци. За Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на БЈБ обезбедени се 427 цивилни одела и по 427 цивилни кошули и обувки, а униформи и опрема за воздухопловен персонал доби и Хеликоптерската единица кој се состоеше од зимска летачка јакна и заштитен комбинезон.

На ова треба се додадат и низата набавки на нови, современи, технички средства за секојдневно работење полицијата, дел обезбедени преку донации, а дел од сопствени средства на Министерството, почнувајќи од техничка опрема за комуникација, софтверска, хардверска и лабораториска опрема, возила, звучна и светлосна опрема и сл“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки