20 Декември, 2025
0.0681

Со нож бркал наставник на прослава на полуматура во прилепски хотел

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2018 11:43

Добивај вести на Viber

Нападнат наставник за време на прослава на полуматура од основното училиште „Климент Охридски“, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

Настанот се случил синоќа во 21:00 часот во хотел во Прилеп, каде непознато лице се обидело со остар предмет да го нападне наставникот С.Ј. (61) од Прилеп.

Како што соопшти МВР, сторителот се качил на терасата и му се заканил на наставникот, кој седел на една од масите на терасата, дека ќе го избоде со нож.

Тој бил спречен од присутните, по што наставникот влегол во салата од хотелот. Во тој момент сторителот потрчал по него со шилест предмет во раката. За да се заштити, С.Ј. турнал столица накај лицето, по што бил совладан од обезбедувањето во салата.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки