20 Декември, 2025
0.1711

Со пари од ЕУ почнува изградба на општинска зграда во Арачиново

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2018 09:58

Добивај вести на Viber

Со 260.000 евра обезбедени од страна на Европската унија, денеска започнува изградбата на новата општинска зграда во Арачиново.

На означувањето на почетокот на градбата е најавено обраќање на премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар, министерот за финансии Драган Тевдовски, претставник на Светската банка Беким Имери и градоначалничката на општина Арачиново Миликије Халими.

На барање на Владата на Република Македонија, Европската Унија (ЕУ) се согласи да обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. Овие средства се доделуваат на општините во форма на грантови и треба да придонесат за подобрување на инфраструктурата во руралните области.

Во рамките на оваа програма, општина Арачиново доби право да користи ЕУ грант во износ од 195.000 евра за имплементација на проектот за „Изградба на општинска зграда Арачиново“. Проектот е кофинансиран од буџетот на Република Македонија во износ од 65.000 евра. Проценетата вредност на проектот изнесува 285.545 евра но по спроведената јавна набавка истата е намалена на 241.975 евра, од кои 181.482 евра се финансирани од фондови на Европската Унија, а 60.493 евра од буџетот на Република Македонија. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки