04 Декември, 2024
0.0282

Со пари од ИПА фондовите државната фитосанитарна лабораторија доби нова софистицирана опрема

Објавено во: Агробизнис 23 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Државната фитосанитарната лабораторија (ДФЛ) која е орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, доби нова лабораториска опрема, односно  течен хроматограф со троен квадрипол детектор на маси. Набавката на оваа лабораториска опрема е со пари од ИПА фондовите. 

Оваа соврмена оперма е наменета за анализа на резидуи од пестициди во органското и во конвенционалното произвоство. Со опремата ДФЛ  ја  имплементираше мулти-резидуалната метода,  која има можност да покрие над 220 резидуи од пестициди, што ја прави една од водечките  лаборатории во Македонија како и во регионот. Новата лабораториска опрема и начинот на фунционирање, денеска им беше презентирана на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и потпретседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

„Оваа лабораториска опрема која што е инсталирана во Државната фитосанитарна лабораторија е позитивен пример за искористеноста на  средствата од европските ИПА фондови. Се работи за проект кој што е одржлив и поддржан од сите институции и од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, кој што веќе покажа врвни резултати. Со овој пристап на мулти-резидуална метода се анализираат скоро сите пестициди кои се користат во земјава, согласно европските регулативи, што е клучно за извозно орентираните компании кои произведуваат и извезуваат овошје и на европските  пазари“, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. 

Потпретседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, посочи дека досега искористеноста на парите од европските фондови од ИПА 1 во делот на земјоделството е само 27 отсто, што е поразително ниво. Вицепремиерот за европски прашања Османи потенцираше дека Владата интензивно  работи на поголема искористеност на парите од ИПА фондовите со цел приближување на Република Македонија кон Европската унија.

„Денеска сме тука во Државната фитосанитарна лабораторија за да покажаме  што значи ИПА за институциите и за граѓаните. Оваа лабораториска опрема е набавена со пари токму од ИПА фондовите,  во износ од два милиони евра. Оваа фитосанитарна лабораторија станува регионален центар во однос на гарнтираноста на квалитетот на храната. Ова покажува зошто е важно како Влада да работиме на поголема искористеност на парите од европските фондови. Во делот на ИПА 2 имаме на располагање 60 милиони евра.Веќе не информираа дека има рекорден број на апликанти, меѓутоа работиме на план за зголемување на експедитивноста во делот на обработка на тие податоци, со цел да се зголеми процентот на искористеност“, изјави Потпретседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Вкупниот број на анализи на резидуи од пестициди во 2014 гидина изнесуваше 361, во 2015 се направени 598 анализи, минатата година 915, а оваа година до сега се извршени околу 650 анализи, со интенција согласно динамиката бројот на анализи да надмине 1500.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.