05 Декември, 2025
0.3941

Со полна пареа кон НАТО - Повеќе војска во странски мисии и поголеми буџети

Објавено во: Анализа 05 Април, 2018 07:48

Добивај вести на Viber

Владата на Република Македонија ги прави сите можни маневри со цел да ги убеди партнерите од НАТО дека по долгогодишната блиска соработка целосно го има заслужено правото да стане членка на оваа елитна организација без оглед на моменталните политички услови. Македонија е земја која иако има мал број на жители и скромна армија, дава најголем придонес во мисиите на НАТО ако се гледа според процентуалното учество.

Сепак, тука нема да се застане бидејќи премиерот Зоран Заев на вчерашната свеченост по повод Денот на формирањето на НАТО, пред партнерите во Скопје истакна дека Македонија е подготвена за зголемен број на испратени војници во странските мисии, како и постојано зголемување на буџетот за одбрана.

Остануваме посветени и во иднина. Ќе го зголемиме нашето учество во мировната мисија во Авганистан за 20 проценти, а секоја година ќе го зголемуваме буџетот за Армијата, за 0.2 проценти од бруто домашниот производ“ истакна премиерот Заев.

За македонските изгледи за членство во НАТО сега треба да се погледнат и пошироките геополитички аспекти кои се во наша полза бидејќи алијансата мора да се прошири, САД мора да прикаже победа на својата политика на проширување во однос на се поголемата конфронтација со Русија за безбедносните конфронтации, а како никогаш досега вложени се огромни дипломатски напори и политички ангажмани за конечно решавање на деценискиот спор за разликите околу уставното име со Грција.

Одамна е познато дека македонските граѓани имаат огромна поддршка за членство во НАТО и мнозинството од нив поддржуваат Македонија да стане членка со цел да се реализира долгодишната стратешка цел на сите досегашни влади. 

Не навлегувајќи во дипломатските финеси кои се потребни за решавање на еден спор каков тој за името со Грција, сега сосема е видливо дека македонските политичари, особено премиерот Заев, но и клучните министри прават огромни напори да не доближат до стратешките партнери во НАТО и да обезбедат стабилни односи кои може да бидат од огромна корист во иднина. 

Делумно ова проектира и мал притисок врз Грција која се повеќе се издвојува како главниот винивник што Македонија, мала земја со мала, но посветена армија и натаму не е официјална членка на НАТО и покрај сите досегашни придонеси кои ги има. Затоа и во грчките медиуми се повеќе во изминатиот период се пишуваше дека Македонија може да влезе во НАТО и со привремената референца без целосно решен спор за името, па така и таму треба се повеќе да има јасна слика дека владата на Ципрас мора да остане посветена на процесот и да придонесе во конечниот компромис. 

Автор: Христијан Станоевиќ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?