Со попуст од -15 отсто на апсолутно сѐ, на 30 септември повторно се отвора dm дрогеријата во East Gate Mall во Скопје!
Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2022 12:40
Големото реотворање на реновираната дрогерија, од компанијата го најавија за 30 септември, а по тој повод се најавени попусти од -15 отсто на апсолутно сѐ...и на веќе намалените производи! Попустите ќе траат 3 дена, од 30.9 до 2.10.2022 година.
Дополнително, на денот на реотворањето, со секоја сметка над 500 мкд, купувачите ќе добијат ПОДАРОК Balea гел за туширање.
Полека, но сигурно се ближи денот на повторното отворање на дрогеријата на dm во EAST GATE MALL. Посетителите на најголемиот шопинг мол во земјава повторно ќе може да пазаруваат во dm, најголемиот дрогериски ланец во Европа и да уживаат во докажаниот германски квалитет по супер цени.
Реновирана дрогерија на dm се простира на 316,85 m2 продажен простор, 24,53 m2 магацински простор и 13,58 m2 помошен простор. Како што изјавија од компанијата, со реновирањето, проширени се одредени категории на производи со што ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.
Како компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност, при секое ново отворање dm донира дел од својот промет во хуманитарни цели. Оваа пракса нема да биде исклучок и на ова реотворање, а компанијата дел од својот промет остварен на тој ден ќе го донира кон Кризниот центар за семејно насилство „Надеж“ од Скопје.
Бидете дел од и вие од ова големо реотворање на dm во EAST GATE MALL и искористете ги попустите на dm од -15 отсто на апсолутно сѐ...и на веќе намалените производи!
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




