Добивај вести на Viber
За четири до пет отсто ќе забави растот на продажбата на лускузни стоки во светот оваа година, под влијание на забавувањето на кинеската економија и силниот пад на вредноста на јенот.
Кризата која ја погоди Европа влијаеше на намалување на купувањето на лускузни стоки во 2012 година, но приливот на туристи на стариот континент успеал донекаде да ја компензира загубата.
Но, во првиот квартал од оваа година растот на бројот на туристи во светот е намален, така на годишно ниво се очекува максимален раст до два отсто, по минатогодишните три отсто.
Остриот пад на јапонскиор јен веројатно ќе влијае на натамошното намалување на јапонските туристи ширум Европа. Се очекува кинеската средна класа да биде помалку заинтересирана за купување на лускузни стоки под влијание од намален ризик во цените во Европа и Кина.
Туристите почнуваат да ги менуваат навиките и наоѓаат нови дестинации за купување, како што се Обединетите Арапски Емирати, југоисточна Азија, Австралија и Азербејџан.
Минатата година вредноста на продадените стоки во светот која беше зголемена за пет отсто ја надминала границата од 200 милијарди евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.