Со проект за претприемништво ќе се потикнуваат малите фирми во земјоделството
Објавено во: Агробизнис 28 Март, 2013
Малите бизниси кои се занимаваат со сточарско и растително производство немаат доволно познавања од областа на претприемништвото, не ги користат новите технологии, имаат слабо развиени маркетиншки мрежи, тешко ги освојуваат новите пазари.
Овие проблеми ќе се надминуваат со проектот „Агро - старт“ што почна во декември 2012, а ќе трае до 30 ноември 2014 година. Како што беше речено на денешната промоција, примарната цел е, преку низа активности, да се зголеми конкурентноста на малите и средните претпријатија од агросекторот.
Поддршката, вкупно 1,7 милиони евра, за реализација на „Агро - старт“ во кој се вклучени 12 организации од 7 држави, ја обезбеди Европската унија.
- Во следните 24 месеци ќе се поттикнува свеста за иновативното претприемништво. Ќе помогнеме да се креираат специфични услуги за малите и средните претпријатија. Сакаме да се зголеми нивната конкурентност, но и иновативниот пристап во сточарството и растителното производство. Во 2014 година веќе ги очекуваме првите позитивни резултати, изјави претседателот на Федерацијата на фармери, една од организациите учеснички во проектот.
Според Љубица Џониќ, градинар, услугите ќе бидат наменети директно за производителите.
- Предвидениот транснационален пристап и развивањето мрежа за поддршка на малите и средните претпријатија од регионот е многу битна за нас, ќе ни помогне да ја зголемиме конкурентноста зашто сите се соочуваме со истите проблеми, употребуваме различни технологии, ни недостига едукација и експертиза околу употребата на заштитни средства, консултации за она што се бара на европските пазари, за стандардите, за квалитетот на производството, за безбедноста на храната. За да го фатиме чекорот, мора да ги прифатиме сите можности, рече Џониќ.
Од околу 70.000 регистрирани фирми во Македонија, 2.900 се занимаваат со земјоделска дејност. Од нив, речиси 90 отсто се мали бизниси.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.