Добивај вести на Viber
Туризмот на струшкото крајбрежје ќе се развива преку посебна стратегија во која фокусот на промоцијата ќе биде ставен врз културното богатство во овој регион.
Стратегијата ја изработија здружението „Ауреола“ од Струга и невладини организации од Република Албанија, во рамките на ИПА-3 компонентата за прекугранична соработка.
Според Арбеша Влаши од здружението „Ауреола“ која работеше на подготовка на овој документ, акцентот ќе биде ставен врз привлекување туристи и зголемување на нивниот број, не само за време на официјалната летна сезона, туку и во текот на останатите месеци од годината.
„Една од целите на оваа стратегија е како Струга да биде туристичка дестинација и надвор од езерскиот туризам што го има само во јули и август. Како причини за слабата посетеност на градот по завршувањето на летната сезона во стратегија ги наведовме непостоењето инфо-центри и атрактивни аранжмани надвор од туристичката сезона“, објаснува Влаши.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, најголемиот дел од гостите кои ја посетуваат Струга доаѓаат од соседните балканските земји, поради што, промотивни материјали ќе се нудат во повеќе земји, како и на аеродромите во Охрид, Скопје, Приштина и Тирана.
„Туризмот ќе се промовира и преку природните ресурси, но примарното место ќе го има културното наследство, Исто така, стратегијата содржи и методолошки начини како успешно да биде спроведена и да даде поголем поттик во развојот на економијата во Струшкиот регион“, додава Влаши.
Стратегијата за развој на туризмот е со среднорочно траење од пет години, а беше усвоена и од страна на Советот на општината.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.