Со пумпи се вади водата од поплавените подруми во ТЦ Буњаковец и од Уставен суд
Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2013 15:30
Подземни води ги поплавија подрумските простории на новата зграда на Уставниот суд и Археолошкиот музеј. Водата се црпе за да не дојде до поголеми оштетувања. По интервенција на надлежните од општина Центар, со пумпи се прави обид да се исцрпи водата во овој нов објект.
Од поплавените подруми во ТЦ Буњаковец, како што информира општина Центар, со пумпи се вади водата.
Според официјалниот документ од Градежниот институт „Македонија“, се работи за подземни води.
- Карактеристично за сегашниот период и состојба на висок водостој, анализирано во последните 20 години, има доста високи, дури и екстремни нивоа на подземни води, стои во информацијата на ГИ „Македонија“.
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски на повик на граѓаните вчера разговараше со сопствениците, ја согледа состојбата и им вети дека ќе направи се што е во негова надлежност за да им се помогне и по консултацијата со надлежните да се бара трајно решение на овој проблем.
Вакви поплавувања на подземни простории има и во други објекти во општината, како што се објектите „Тифани", „Еуростандард банка", „Соборниот храм“ и други
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





