05 Декември, 2025
0.2165

Со Руско-македонски бизнис каталог до поголем извоз во Русија

Објавено во: Мои пари 29 Април, 2013 19:08

Добивај вести на Viber

Агенцијата за маркетинг и издaвачка дејност „Елита“ од Скопје го промовираше третиот Руско-македонски бизнис каталог насловен „По еден пат со светот, Русија и Македонија“.

Според рускиот амбасадор во земјава, Олег Николаевич Шчербак,  вкупниот обем на руските директни инвестиции во реалниот сектор на македонската економија надмина 400 милиони долари и продолжува да расте, за што ја има поддршката од руските власти.

„ Задоволни сме од тоа што македонските компании, вклучувајќи ги и оние од земјоделството енергично бараат опции за да го зголемат извозот на своите продукти во Русија, ја прошируваат соработката со нови руски региони и поактивно учествуваат во специјализирани изложби кои се одржуваат таму. Овие напори веќе даваат позитивни резултати и очекуваме дека деловните посети на Русија планирани следните месеци на претставниците на македонскиот бизнис, како и на премиерот Никола Груевски на сибирскиот и источните региони на Русија ќе дадат дополнителен импулс за соработка и реализација на нови проекти“, рече амбасадорот Шчербак.

Истовремено, рече Амбасадорот, радува фактот што за  10 пати пораснал бројот на туристичките посети на Руси во Македонија.

Каталогот е илустриран водич, којшто нуди информации за руските компании кои се присутни на македонскиот пазар, односно имаат свои инвестиции во Македонија, како и повеќе успешни македонски компании кои сакаат да се претстават на рускиот пазар. Во годинешното издание е даден и кус осврт на повеќе македонски општини со акцент на културно-историското богатство и традицијата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј